Доживотен затвор за Палевски, Манев, Видевски и Кешишев за убиството на Вања и Панче, таткото на Вања ослободен од вина

June 25, 2025
2 mins read

Додека општеството се уште се лекува од раните и колективната траума со грабнувањето на малолетно 14 годишно девојче од Скопје, Вања Ѓорчевска и 74 годишниот велешанец Панче Жежовски-судот донесе одлука, доживотен затвор за Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и ослободителна пресуда за Александар Ѓорчевски таткото на Вања.

Судија Ивица Стефановски: „На свиреп начин со умисла го лишиле од живот малолетното оштетеното дете Вања Ѓорчевска на начин што изложувајќи ја на тешко психичко страдање со силен интензитет, во врзана состојба и онеспособена за отпор ѝ било предочено дека ќе биде убиена. Обвинетиот Љупчо Палевски со огнено оружје пиштол НН марка, калибар 9мм преку перниче кое го нашол во близина испукал еден куршум во пределот на главата на оштетеното девојче. Јавниот обвинител не докажа надвор од разумно сомневање дека обвинетиот Александар Ѓорчевски го сторил делото за кое се обвинува.“ 

Обвинителството пак, задоволно од одлуката за доживотните затворски казни за сторителите, но незадоволно со ослободителната пресуда за Ѓорчевски, најави жалба.

Жаклина Јосифовска Крстевска-обвинителка: „Изречените доживотни казни затвор за обвинетите Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Љупчо Палевски, се доказ дека ниту еден сторител не може да остане неоткриен во сторување на вакви грозоморни кривични дела.“     

Ана Стојковиќ-Димитровска-обвинителка: „Можеби посредни докази, можеби не докази какви што би сакале да имаме, меѓутоа по анализа на сите докази-единствен логичен заклучок кој би можел да се изведе по дејствијата на еден обвинет во случајов Александар Ѓорчевски е тој што ние го имавме.“      

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, потенцира дека нема простор и место за победничка еуфорија, судот ја донел исправна одлука но сепак има се уште отворени прашања. За обвинителките рече дека се конфузни од самиот почеток. Нагласи, надлежните да одговорат дали со инволвирање на Ѓорчевски во случајот е направен дефокус од исказот на Манев дека од 2022 година се кроеле планови и списоци за киднапирање и убивање луѓе, а според Туфегџиќ надлежните не ги детектирале на време.

Владимир Туфегџиќ-адвокат на Александар Ѓорчевски: „Не ги добивме одговорите на три клучни прашања: „Зошто е киднапирано и убиено ова дете? Не добивме одговор на прашањето: „Зошто по секоја цена се инсистираше Александар да биде дел од оваа постапка иако од првиот момент се знаеше дека за него нема ниту еден доказ. Должни се институциите кои ја раководеа оваа истрага да дадат одговори на овие прашања.“ 

Според адвокатите на Палевски, Видевски и Кешишев нема доволно докази за кривичните дела и сметаат дека судот не ги земал в предвид нивните докази. Најавија жалби.

Јовица Страшевски-адвокат на Љупчо Палевски: „Како што почна така заврши овој циркуз. Обвинителството без ниту еден доказ или разумен сомнеж, да имаше барем еден разумен доказ ќе беше добро за да имаме вакви пресуди. Секако дека ќе поднесеме жалба.“

Бојан Манев-адвокат на Боре Видевски: „Судот ги ослободува обвинетите од грабнувањето на Панче Жежовски, како го убија, а не го грабнаа? Второ, судот во својата објаве вели дека човекот е убиен 10/10.30. Цела Македонија виде снимка дека во 12.30ч човекот е жив на бензиска.“

Игор Ефремов-адвокат на Влатко Кешишев: „Доколку не бил Кешишев немаше да бидат пронајдени ниту телата, ниту пак начинот на извршување на грабнувањата. Особено сметаме дека судот не поклони доволна верба на исказот на Кешишев дека истиот дејствувал под страв и наредби од обвинетиот Палевски.“      

Малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје и пензионерот Панче Жежовски од Велес беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023 година, а нивните безживотни тела беа пронајдени во близина на Скопје и Велес на 3.12.2023 година. Судскиот процес го водеше судијата Ивица Стефановски, а истиот започна минатата година. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп на самитот на НАТО го повтори тврдењето дека иранските нуклеарни постројки се „целосно уништени“

Следно

Хашка декларација: Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат пет отсто од БДП за одбраната до 2035 година

Latest from Blog

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат

Македонската берза ја заврши неделата во минус: МБИ10 падна на 9.006,70 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.006,70 поени. Во однос
Go toTop