Доц. д-р Сци-Мед Никола Бакрачески започнува со работа во Болница Плодност: Водечка експертиза во кардиологијата сега достапна за пациентите во Битола

January 4, 2025
1 min read

Болница Плодност го најавува почетокот на соработката со доц. д-р Сци-Мед Никола Бакрачески, еден од најреномираните и најискусни кардиолози во регионот. Како пионер и визионер во областа на кардиологијата, д-р Бакрачески носи со себе врвна експертиза, иновативни пристапи и долгогодишно искуство, овозможувајќи им на пациентите во Болница Плодност пристап до најсовремените медицински услуги.

Импресивно искуство и достигнувања

Со повеќе од 28 години искуство во кардиологијата и едукација стекната во водечки медицински центри низ Европа и Америка, д-р Бакрачески е синоним за посветеност и успех. Тој е основач на регионалниот центар за интервентна кардиологија во Охрид и на првата систематски организирана мрежа за лекување на акутен миокарден инфаркт. Зад себе има повеќе од 10.000 успешно изведени стентирања и коронарографии на срцеви, вратни и артерии на нозете, а исто така е пионер на ендоваскуларните процедури на вени во Македонија и сертифициран меѓународен инструктор.

Единствен Центар за ендоваскуларен третман на проширени вени во Македонија

Во рамките на Болница Плодност, под раководство на д-р Бакрачески, ќе функционира Центарот за ендоваскуларен третман на проширени вени – прв и единствен од ваков вид во земјата. Пациентите ќе имаат можност за третман со најсовремени методи и технологии, овозможувајќи прецизно и ефикасно лекување на венските заболувања.

Ендоваскуларни процедури:

• Радиофреквентна аблација на проширени вени

• Затворање со медицински адхезивен лепак (цианоакрилат)

• Склеротерапија со етоксисклерол

• Електрокоагулација на капиларни сплетови

 

Кардиолошки процедури:

• ЕКГ и ехокардиографија (трансторакална и трансезофагеална)

• Тестови на оптоварување (стрес тестови)

• Холтер мониторинг (за хипертензија и ЕКГ)

• Доплер на периферни артерии и вени

 

Достапност и консултации

Прегледите и консултациите со д-р Бакрачески ќе се изведуваат секој понеделник и четврток, овозможувајќи им на пациентите флексибилност и континуирана грижа. Закажете термин за преглед и искористете ја можноста за врвна медицинска грижа од еден од најпочитуваните експерти во областа.

Контакт за закажување: 075 758 492

Болница Плодност продолжува да ги поставува стандардите во здравствената заштита, овозможувајќи пристап до современа медицина и врвни специјалисти.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MARKETING

Претходно

Неутрализирани се 10 терористи на ПКК откриени во северен Ирак

Следно

Албанија пред епидемија на грип, за една седмица над 13 илјади заразени

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop