Доњецк: Засилени се нападите во украинскиот Вухледар

February 20, 2023
1 min read

ДОЊЕЦК (АА) – Нападите врз градот Вухледар во источниот украински регион Доњецк се интензивирани од 24 јануари, велат жителите на градот, јавува Анадолу.

„Тука ситуацијата е тешка. Тие (Русија) го напаѓаат градот. Ракетите паѓаат. Тие пукаат во нас. Од 24 јануари нападите почнаа да се засилуваат. Добро се сеќавам на тоа бидејќи 27 јануари беше мојот роденден“, изјави за Анадолу 43-годишниот Бохдан.

Тој рече дека се обидуваат да преживеат во опасна средина, во многу тешки услови, бидејќи конфликтот меѓу украинските и руските сили на тоа подрачје трае веќе една година.

Бохдан рече дека магацинот под станбената зграда станал негово засолниште, наведувајќи дека претходно го испратил своето семејство на безбедно место.

„Остануваме во засолништето. Се загреваме. Нападите се чести. Како да живееме дома? Гледате дека кога има напад куќата гори“, вели жител на Вухледар.

Еден војник во градот, наречен Ѕвер, за Анадолу изјави дека градот е под контрола на украинската Армија и дека така ќе остане.

Според неговите зборови, има само неколку метри меѓу руските позиции и украинските војници.

„Дури и сега, има само 500 метри од позицијата на непријателот до местото каде што сме“, рече војникот.

Владимир, војник од истата бригада, рече дека цивилната инфраструктура во градот е тешко оштетена поради интензивните напади и повтори дека Вухледар е под контрола на украинските сили.

Поминаа речиси 12 месеци откако Русија започна „специјална воена операција“ во Украина, а оттогаш, според Обединетите нации, најмалку 7.199 цивили се убиени, а 11.756 се ранети.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган се состана со Блинкен во Анкара

Следно

Полицијата на терен – се вршат антитерористички проверки на скопскиот аеродром

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop