Донесен законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишуваат на универзитетите

July 29, 2025
1 min read

Целта на законот, како што е наведено во образложението, е да се обезбеди најдобриот интерес на учениците запишани во верските училишта, преку создавање законска можност за полагање на државна матура согласно со Законот за средното образование и Концепцијата за државна матура, училишна матура и завршен испит. Со тоа, како што се посочува во законот, се овозможува непречено продолжување на нивното образование на универзитетите во Република Северна Македонија.

„За општообразовните предмети, согласно наставниот план, ќе се применуваат наставните програми за гимназиско образование, утврдени од министерот за образование и наука. Наставните програми за предметите од областа на православната, односно исламската религија и теологија, ќе се изработуваат од страна на соодветните верски училишта и ќе се одобруваат од нивниот основач. Стручната и советодавната поддршка за наставниците кои реализираат општообразовни предмети во верските средни училишта ја обезбедува Бирото за развој на образованието, согласно со своите надлежности. Учениците запишани во Богословското училиште – Скопје и Средното теолошко училиште „Иса Бег“ – Скопје имаат право да полагаат државна матура, согласно со Законот за средното образование и подзаконските акти донесени врз негова основа, вклучувајќи ја Концепцијата за државна матура, училишна матура и завршен испит. Учениците кои успешно ќе положат државна матура стекнуваат право да го продолжат своето образование на високообразовни установи во државата. Дополнително, учениците кои добиле диплома за завршено образование во Богословското училиште – Скопје и Средното теолошко училиште „Иса Бег“ – Скопје, се стекнуваат со право да го продолжат своето образование и на високообразовни установи основани од верските заедници во Република Северна Македонија, во согласност со закон и со условите утврдени од самите установи“, се вели во Законот за установи за средно образование на верските заедници

За пратениците од опозициската СДСМ, ова законско решение е противуставно и се руши секуларноста на државата. Законот, како што оценија, има бројни нејасностии и институционални проблеми и се носи без јавна дебата. 

Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска посочи дека отсуствуваат механизми за контрола и увид во финансирањето и содржините што ќе се изведуваат. Ваков закон, како што рече, нема во ниту една држава од Западен Балкан. Праша со каква подготвеност овие ученици ќе се запишуваат на високообразовните установи. 

„Според амандманот 7 од Уставот државата мора да биде неутрална во однос на религијата, а верските заедници и државата се одвоени. Секоја легислатива што го доведува овој принцип во прашање мора да се разгледа со особена претпазливост. Автономијата на верските заедници е загарантирана, но со влезот на овие училишта под државна капа, тие мора да ги следат државните образовни стандарди и критериуми“, констатираше пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Пратениците од албанскиот блок искажаа поддршка на предложеното законско решение, кое според нив е неопходно, но полемиката меѓу нив беше во тоа кој е заслужен за донесувањето на законот. 

Сали Мурати од Европскиот фронт рече дека се за ова законско решение, но дека текстот на законот би бил подобар доколку се прифателе поднесените амадмани. 

На денешната седница беа донесени и измените на Законот за домување. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Следно

ЦУК: Активни три пожари во земјава

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop