Дончиќ за мечот против неговиот поранешен тим Далас: Имаше многу емоции, мило ми е што победивме

February 26, 2025
1 min read

И покрај тоа што Лука Дончиќ зборува четири јазици, тој имаше тешкотии да ги опише своите чувства и колку е чудно да игра против Далас Маверикс со неговиот нов тим, Лос Анџелес Лејкерс, во Националната кошаркарска асоцијација на САД и Канада (НБА) во вторникот вечерта.

Чувството за предавство изгледа сè уште свежо и влијаеше на неговата изведба, која беше неконзистентна, понекогаш брилијантна и целосно исполнета со вознемиреност.

-Тоа беа многу емоции. Не можам ни да објаснам. Беше навистина поинаков натпревар. Понекогаш не знаев што правам. Искрено, само ми е драго што е готово. Беше многу чудно. Имаше моменти кога навистина се чувствував како да не знам што правам. Среќен сум што победивме, изјави словенечкиот кошаркар на ЛА Лејкерс, кој го заврши со 19 поени, 15 скока и 12 асистенции против својот поранешен тим. Тоа беше 81. трипл-дабл во неговата кариера.

На натпреварот беше присутен генералниот директор на Далас Маверикс, Нико Харисон, кој најверојатно ја ставил својата кариера на коцка поради трансферот на Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс, но Лука изјави дека не го видел.

Додека словенечката ѕвезда шутираше слободни фрлања во почетокот на натпреварот, навивачите на Лејкерс почнаа да скандираат: „Ти благодарам, Нико!“. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хамас соопшти дека вечерва ќе предаде тела на уште четворица израелски заложници

Следно

Турска одбранбена компанија отвори нова фабрика за цивилни беспилотни летала

Latest from Blog

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не
Go toTop