Доналд Трамп чекор назад – Украина повторно ќе добива разузнавачки информации од САД

March 10, 2025
1 min read

Откако романската изборна комисија ја забрани претседателската кандидатура на десничарскиот политичар Калин  Георгеску, на улиците на Букурешт беа организирани масовни демонстрации, кои брзо се претворија во хаос.

Откако ја дознале одлуката на изборната комисија, приврзаниците на Георгеску се собрале пред седиштето на комисијата и ги урнале оградите, по што следеле судири со полицијата. Полицијата употребила солзавец, имало повредени полицајци и демонстрантите. Се огласи и Георгеску кој кажа дека Романија е под тиранија.

– Ова е директен удар врз срцето на демократијата ширум светот. Имам само една порака за левичарите. Ако демократијата во Романија падне, целата демократија во светот ќе пропадне. Ова е само почеток. Тоа е едноставно. Европа сега е под диктатура. Романија е под тиранија.

Централната изборна комисија доби повеќе од 1.000 приговори за неговата кандидатура, главно поради неговите антидемократски и екстремистички ставови. Оваа одлука за забрана се уште може да се оспори пред Уставниот суд. Откако Георгеску неочекувано победи во првиот круг од минатогодишните претседателски избори, највисокиот суд ги поништи резултатите од гласањето, наведувајќи ги сомнежите за руско мешање во неговата кампања.

Самиот Георгеску беше повикан на распит во обвинителството, а против него се води кривична истрага по шест точки, вклучително и членство во фашистичка организација и пренесување лажни информации за финансирање на кампањата.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изградбата на регионална депонија во Новаци повторно неизвесна

Следно

Претреси на повеќе локации во Македонија

Latest from Blog

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа

Државниот јавен обвинител Ненад Савески изразува жалење за повлекувањето на Ленче Ристоска од функцијата обвинител и нагласува дека одлуката што ја донел за отповикување на сите овластувања дадени кон неа од неговите

ВМРО: Оставката на Ристоска е ден на жалост за рекет обвинителите и ден на среќа за обесправените

Со внимание ја проследивме оставката на Ленче Ристоска, која до пред само еден месец самоуверено тврдеше дека дошло времето токму таа да застане на чело на обвинителството и да ја донесе толку

Wolt слави една година во Скопјe, поддржувајќи ја секојдневната удобност и растот на локалните бизниси

Во Скопјe, корисниците нарачуваат во текот на целиот ден, а покрај од рестораните, корисниците преку Wolt нарачуваат и намирници, производи за здравје и убавина, производи за домашни миленици, цвеќиња и електронска опрема.
Go toTop