Домашни билки благотворни за опуштање, одмор и поцврст сон

July 22, 2024
1 min read

Секоја просторија изгледа поубаво збогатен со домашни растенија, вклучувајќи ја и спалната соба. Но, тука пожелно е да се стави зеленило кое нема да ги лиши луѓето од кислород навечер, нема да собира прашина, и коешто е добро за сонот.

Одредени растенија во затворен простор имаат дури и корисни ефекти за психофизичкото здравје, пренесува српскиот портал „Политика“. Следат неколку примери…

Лавандата, на пр., е позната по своите смирувачки својства и се става во бања. И до креветот може да се стави ќесичка сушена лаванда, а може и саксија со живо растение во домот. Како додаток се користи во многу лекови против стрес и несоница.

И спатифилумот може да се стави во спалната соба. Тој, според познавачите, помага за подобро спиење. Го филтрира воздухот во затворените простории и ја зголемува влажноста, што помага за полесно дишење и полн одмор.

Ова растение треба да се чува подалеку од директна сончева светлина и редовно да се наводнува.

Растение за квалитетен сон е и сансеверијата. Таа е позната по својата способност да ги впива штетните материи и честички и да го претвора јаглерод-диоксидот во кислород дури и ноќе (повеќето растенија го прават тоа само во текот на денот). Сè ова придонесува за брзо заспивање и цврст, здрав сон.

Зголеменото ниво на кислород е корисно и за менталното здравје, бидејќи ја зголемува енергијата и го подобрува расположението. Сансеверијата е прилично лесна за одржување – треба да се полева само еднаш на неколку недели, кога почвата е целосно сува. Важно е и тоа дека овој цвет сака индиректна светлина.

И гарденијата е растение со прекрасен мирис, којшто помага за опуштање и полесно заспивање. Имено, некои испитувања покажаа дека смирувачкиот мирис од гарденија ја намалува анксиозноста и има сличен ефект како апчиња за спиење.

Истражувањата покажаа и дека мирисот на јасмин може има слично „седативно“ дејство.

Англискиот бршлен, пак, го прочистува воздухот. Така ги отстранува штетните честички и создава домашна клима погодна за опуштање и лесно заспивање.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Никој освен мене нема да ја раскаже мојата приказна“: Мадона пишува сценарио за филм за нејзиниот живот

Следно

И покрај поддршката на Бајден, кандидатурата на Харис сè уште неизвесна

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop