Долговите кон извршителите застаруваат, Уставниот суд не ги прифати иницијативите за поништување на последните законски измени

January 10, 2024
2 mins read

„Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за облигационите односи и на Законот за извршувањето  од причина што смета дека двата закона се во согласност со Уставот. Ова значи дека не се прифатени наводите на подносителите од 15 иницијативи, кои за овој предмет беа поднесени до судот. Остануваат во правниот промет сите членови од измените на Законот за облигационите односи, како што е членот 1, кој дефинира дека износот на достасаната, неисплатена казнена камата престанува да тече кога ќе го достигне износот на главниниот долг. Според Уставниот суд, неприфатливо е тврдењето во иницијативите дека се повредува правото на сопственост на доверителите со тоа што законодавецот, односно Собранието, предвидело да се ограничи висината на казнената камата кога ќе го достигне износот на главниот долг. Судот смета дека оспорениот член 4 од Законот за облигациони односи нема повратно дејство, односно ретроактивност бидејќи се однесува на постапки кои се уште траат, не се завршени, а не и на оние постапки кои пред влегувањето во сила  на законот завршиле. Судот оцени и дека не е повреден принципот на поделба на власта, како што се тврди во иницијативите. Според Уставниот суд, неприфатливо е тврдењето во иницијативите дека должникот е доведен во попривилегирана положба во однос на доверителот, бидејќи членот 1 не дефинира за кого се однесува, туку напротив јасно и прецизно произлегува дека се однесува на сите субјекти на пазарот подеднакво“, соопшти Уставниот суд попладнево.

Извршителите реагираа веднаш по усвојувањето на измените на законите и заедно со адвокатите, поддржани од коморите, побараа Уставниот суд да ги поништи измените. Во барањето за поништување на законите наведоа дека со измените во нееднаква положба се ставаат странките, односно се врши дискриминација на доверителите, а должниците се ставаат во привилегирана состојба. Тие негодуваа поради тоа што измените на законите по изминување на периодот од 10 години како апсолутен рок на застареност, сметано од денот на поднесување на барањето за извршување, се гасат правата на доверителите за наплата на побарувањата и со тоа должниците се целосно ослободени од секаква обврска што ја имаат кон доверителите. За подносителите на иницијативата, ваквото законско решение има негативно влијание во однос на еднаквоста на странките во облигациониот однос.

Иако измените на законите беа донесени во јули минатата година и граѓаните што имаа блокирани сметки од извршители повеќе од 10 години можеа да побараат деблокирање, извршителите не постапуваа по нивните барања. Во изминатите пет месеци имаше и граѓани што извршителите ги препраќаа во судовите за бришење на застарените долгови или деблокирање на сметките, па многумина почна и такви постапки, но и судиите не постапуваа по измените.

Денешната одлука на Уставниот суд само ги потврди измените изгласани во јули минатата година, па граѓаните што имаат блокирани сметки од извршители повеќе од 10 години може да побараат деблокирање, да побараат застарување на долгот или доколку не им поминале 10 години од извршителското решение, да побараат намалување на каматите, кои не смее да бидат поголеми од основниот долг, а извршителите и судиите мора да постапуваат по измените изгласани во јули минаата година.

Активистката Ана Глигорова, која со месеци организира протести и гласно бараше извршителите да постапуваат по изгласаните измени на законите, попладнево објави дека Уставниот суд донел правилна одлука со тоа што не ги прифатил иницијативите за поништување на измените.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уставен суд утврди прекршување на слободата на изразување на новинарката на ТВ 24 Душица Мрѓа на „Крвавиот четврток“

Следно

Почнува битката за фудбалски првак на Азија

Latest from Blog

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на

ВЛЕН: ДУИ ја блокираше еднаквоста во високото образование

Скопје – Потпишувањето на колективните договори со албанските универзитети потврди дека проблемите со кои тие се соочувале со години не биле резултат на законски или институционални пречки, туку на политичкиот пристап на

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската
Go toTop