ДОКУМЕНТАРЕЦОТ „ТЕЛО“ НА ПЕТРА СЕЛИШКАР ЌЕ ИМА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА САРАЕВСКИОТ ФЕСТИВАЛ

August 3, 2023
1 min read

Долгометражниот документарен филм „Тело“ (Body) на режисерката Петра Селишкар ќе има светска премиера во официјалната програма на 29. Сараево филм фестивал. Тој ќе се натпреварува за наградата „Срцето на Сараево“ за најдобар документарен филм со уште 20 наслови, селектирани од Рада Шешиќ. Фестивалот ќе се одржува од 11 до 18 август.

„Тело“ опфаќа две декади од необичниот живот на Уршка, блиската пријателка на Селишкар, која се бори со ретки автоимуни болести. Некогаш манекенка, а денес професионална пијанистка, Уршка се соочува со огромен број предизвици, но никогаш не го губи својот нескротлив дух. Филмот е спој на интимни разговори, лична архива и креативна визуализација, кој ги истражува мистериите на човечкото тело и моќта на уметноста и пријателството да допре до неговата суштина.

Петра Селишкар, која е родена во Љубљана, како режисерка и сценаристка ги потпишува документарните филмови „Збогување“, „Мојот превртен свет“, „Мама Европа“ и „Бабички на револуцијата“, а во повеќе остварувања се јавува како продуцент.

„Тело“ е копродукција на Словенија, Хрватска и Македонија. Во креативната екипа се кинематограферот Бранд Ферро, монтажерите Сашко Потер Мицевски и Сандра Басташиќ и композиторот на музиката Владимир Ракиќ, кој е и дизајнер на звук заедно со Вера Галешев. Продуцент на филмот е Петра Селишкар со „Петра Пан филм“ (Словенија), копродуценти се Сара Ферро од ППФП (Македонија) и Тамара Бабун од „Волфганг и Доли“ (Хрватска), а придружен продуцент е Виктор Еде од „Синефаж продукција“ (Франција).

Македонската премиера на „Тело“ се очекува на 14. Фестивал на креативен документарен филм МакеДокс во Скопје.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелските сили приведоа 26 Палестинци на окупираниот Западен Брег

Следно

Симон Трпчески и ансамблот „Загребачки солисти“ настапија во Осорската катедрала на Црес, Хрватска

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop