Докторот кој му продавал „Кетамин“ на Метју Пери, осуден на 2,5 години затвор

December 4, 2025
1 min read

Инаку, 43-годишниот доктор претходно призна дека го снабдил глумецот со анестетичкиот лек „Кетамин“, изрази каење и се изјасни за виновен. Во замена за неговото признавање, дополнителните обвиненија беа отфрлени. Обвинителите го обвинија лекарот дека неколкупати набавувал од тој медикамент за Пери – меѓу 30 септември и 12 октомври 2023 година.

Во неколку случаи, се вели, докторот му го инјектирал лекот на Пери. Наводно, тој добил и неколку илјади долари за тоа.

Сепак, според обвинителите, „Кетаминот“ што на крајот ја предизвикал смртта на Пери, не дошол лично од д-р Пласенсија.

Пери беше пронајден мртов на 28 октомври 2023 година, на 54-годишна возраст, во џакузито во неговиот дом во Лос Анџелес. Тој стана светски познат преку американската телевизиска серија „Пријатели“, во којашто глумеше заедно со Кортни Кокс, Мет Лебланк, Џенифер Анистон, Лиза Кудроу и Дејвид Швимер.

Глумецот јавно зборуваше за својата борба со зависноста. Според извештаите, тој бил подложен и на терапија под медицински надзор поради депресија и анксиозност. Исто така, наводно ја набавувал дрогата на црниот пазар. „Кетаминот“ е анестетик и може да се користи, под одредени услови, за лекување депресија отпорна на третман. Некои посетители на забави го користат како нелегална дрога. Според канцеларијата на медицинскиот испитувач на округот Лос Анџелес, Пери починал од акутните ефекти на „Кетаминот“, а за тоа придонело и давењето, срцевите заболувања на глумецот и ефектите од лек за зависност од опиоиди. Неговата смрт беше прогласена за несреќа.

Полицијата и обвинителите поднесоа сериозни обвиненија против пет лица уапсени по смртта на Пери. Тројца од нив – уште еден лекар, асистент и пријател на актерот се изјаснија за виновни минатата година.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајка во Бразил: Нејмар над повредата, после две и пол години запиша хет-трик (ВИДЕО)

Следно

Јовановски најави месечна финансиска поддршка за децата со посебни потреби во Кичево

Latest from Blog

Евакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток ќе започне во недела

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево склучи договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на

Грците распоредија ракетни системи и авиони Ф-16 за да ја заштити Бугарија од можни ирански напади

Грчкиот министер за одбрана во петокот изјави дека ракетна батерија „Патриот“ и два борбени авиони „Ф-16“ ќе бидат распоредени на север од земјата за да помогнат во заштитата на Бугарија од можни

Валверде е спасителот на Реал против Селта

Екипата на Реал Мадрид вечерва со многу потешкотии успеа да дојде до трите бода и победата на гостувањето кај Селта откако постигна гол во последните секунди од мечот за конечни 1:2. Херој
Go toTop