ДОКТОР ПО КВАНТНА ФИЗИКА НА 15 ГОДИНИ!

December 1, 2025
1 min read

Лоран Симонс (15) од
Белгија, познат како „малиот Ајнштајн“, официјално стана доктор по квантна
физика и е еден од најмладите доктори во светот. Тој во понеделник успешно ја
одбрани својата докторска теза на Универзитетот во Антверпен.

Иако
неговите достигнувања се веќе импресивни, Лоран од мали нозе има уште
поамбициозна цел – сака да го примени своето знаење од физика, медицина и
вештачка интелигенција за да ги истражува можностите за продолжување на
човечкиот живот, со крајна цел биолошка бесмртност.

Истражувања во полза на медицината

„По ова, почнувам да работам
на мојата цел – создавање супер-луѓе“, изјавил Лоран веднаш по одбраната на
докторската дисертација, јасно нагласувајќи дека неговите истражувања не служат
само за лични амбиции, туку и за добробит на човештвото.

Најновиот
успех претставува нов врв во кариерата што со години го фасцинира научниот свет
и започнала многу пред неговите тинејџерски години, пренесува Српска Инфо.

Лоран
во 2022 година, со само 12 години, ги заврши основните студии по физика на
Универзитетот во Антверпен, совладувајќи тригодишна програма за само 18 месеци.
Вообичаено, студентите на мастер студии имаат потреба од две години, но тој ги
завршил сите курсеви во првиот семестар, додека вториот го посветил на тезата и
праксата. Пред тоа ја завршил средното образование.

Веќе
тогаш го забележале големи компании и богати спонзори желни да ги поддржат
неговите научни амбиции. Родителите, Александар и Лидија, внимателно ги
одбивале раните понуди од технолошки гиганти од САД и Кина.

Нивниот
приоритет бил истражувањата на Лоран да бидат од корист за медицината – цел што
совршено се поклопува со неговите лични амбиции.

Запишал втора докторска програма

Лоран имал пракса во квантна
оптика на Институтот Макс Планк во Германија, каде што истражувал како физиката
може да се поврзе со медицината.

Темата
на неговата дисертација била „Бозе-поларони во суперфлуиди и супречврсти тела“,
истражување што се занимавало со аналогии помеѓу состојбите на бозоните и
црните дупки, проучувајќи Бозе-Ајнштајнов кондензат на ултрастудени
температури.

Сега,
како новопечен доктор по квантна физика, Лоран не планира да забави. Веднаш по
одбраната на докторатот се вратил во Минхен, каде што запишал втора докторска
програма од медицинските науки со фокус на вештачка интелигенција.

„Постојат
два Лорани – научникот и детето“, изјавил неговиот татко за медиумите во 2022
година.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голтнал дрога за време на полициско испрашување, подоцна починал во болница

Следно

СЕ ОГЛАСИ ЏЕЈЛА ПО ПРИВЕДУВАЊЕТО ВО КИЧЕВО: Целата документација беше уредна, проблемот настана по вина на организаторот

Latest from Blog

ФОТО: Мисајловски го пречека Руте, генералниот секретар на НАТО пристигна во Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска престојува во официјална посета на земјава. Руте по слетувањето на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за одбрана Владо Мисајловски. -Чест ми е да му

Средба на Беким Ќоку со францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер

Денеска во Собранието координаторот на пратеничката група на „Влен“, Беким Ќоку, оствари средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф ле Риголер и првиот советник Филип Маршето. Амбасадорот Ле Риголер и советникот Маршето со

Binance Learning Lab за првпат во Скопје: дојди, научи и започни со крипто – практично и безбедно

Binance, една од водечките светски платформи за криптовалути, за првпат го носи едукативниот формат Binance Learning Lab во Скопје, со бесплатна, интерактивна работилница наменета за сите што сакаат да ги направат првите чекори во крипто

Во недела во La Noi се пазари единствено преку Wolt

Од маалски маркет до дигитален фаворит на скопјани, или како La Noi го задржа својот препознатлив карактер и со Wolt го прошири својот дофат до потрошувачи надвор од неговата непосредната локација, покажувајќи
Go toTop