Доктор Чибишев: Аферата Онкологија му нанесе смртоносен удар на здравството, последиците сè уште се чувствуваат

January 28, 2025
1 min read

Скандалите од Клиниката за онкологија сè уште ја потресуваат македонската јавност. Пациентите биле жртва на негрижа од страна на минатата власт, а аферите кои беа обелоденети сега се користат за некакво оправдување за избегнување на одговорност. Пациентите, нивните семејства, вработените ја знаат вистината, а официјалните извештаи постојат и сведочат за реалната, застрашувачка слика.

КУРИР стапи во контакт со проф. д-р Андон Чибишев, кој беше прво стручно лице кое веднаш по обелоденување на аферата излезе со анализа во јавноста.

-Мојот коментар ќе го започнам со мои зборови кои ги кажав само 10 дена после обелоденувањето на аферата „Онкологија“ во емисија кај почитуваниот Љупчо Цветановски: „Аферата Онкологија е најгрозоморната и најтраорна афера во историјата на македонското здравство“. Аферата му нанесе смртоносен удар на здравството од кој и денес после скоро една ипол година последиците сè уште се чувствуваат. Довербата во јавното здравство која и онака беше на најниско ниво дополнително е изгубена, пациентите се во очај и неверување и се почесто спасот го бараат во странство, а во Македонија плаќаат здравствено осигурување. Од оваа временска дистанца може слободно да кажам дека овој невиден скандал ќе го обременува и ќе го обструира здравствениот систем во целина уште долго време затоа што ќе остави длабоки и тешко решливи последици кои најмногу ги погодуваат пациентите, а потоа ќе го отежнат патот кон решавање на проблемот, вели Чибишев за КУРИР.

Чибишев коментира дека недостигот на лекови и потребен медицински материјал на оваа Клиника ќе трае и ќе биде тешко за неколку месеци да се реши.

-За мене не постои оправдување за настанатата ситуација во која се давале скапи и неопходни лекови “под рака”, не се санкционирале вработени за кои имало докази дека ја злоупотребуваат довербата која им е дадена, не се обелоденувале извештаите од инспекциите кои ги правеле соодветните служби во Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување . Така агонијата и „ бонбона“ бизнисот си врвел и понатаму и траел со години, како во поговорката “ кучињата лаат, караванот си врви“. На крајот, проблемот нема да го решат жалопојќи и обвинувања од типот дека сега има нова власт и таа треба тоа што еден неодговорен го направил, 100 одговорни да го решат за неколку месеци, посочува директорот на Токсикологија, доктор Чибишев.

Чибишев во изјава за КУРИР оценува дека овој скандал не се решава за неколку месеци, потребно е време, трпение, знаење, енергија, чесност, соработка на сите нивоа и соодветна поддршка од надлежните државни институции.

-Одговорните лица од Клиниката за Онкологија, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување  ја имаат поддршката од јавноста тоа да го направат. Уверен сум дека наскоро ќе имаме стабилен здравствен систем и подобра здравствена грижа за сите, посочи Чибишев.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

МЖСПП: МВР продолжува со засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето

Следно

Израелската армија осми ден ги проширува и продолжува со нападите врз северниот дел на Западниот Брег

Latest from Blog

Апсења во Србија под сомнение за подготовка на дела против уставниот поредок и безбедноста на Србија

Нови тензии вечерва во Белград. Полицијата уапси  шест лица под сомнение за подготовка на дела за уривање на уставниот поредок и безбедноста. Нивниот план бил да не се враќаат дома се додека

Турскиот претседател Ердоган: Трамп „со добри намери“ за испораката на Ф-35 на Турција

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го поздрави неодамнешниот напредок по клучното прашање со Соединетите Американски Држави (САД), испораката на борбените авиони Ф-35 на Турција, јавува Анадолу. „Разговаравме за

Осуммина загинати во протестите на годишнината од ланските смртоносни немири

ИСТАНБУЛ (АА) – Кениската Национална комисија за човекови права (KNCHR) денес јави за осуммина загинати од повреди од огнено оружје во шест окрузи за време на националните протести по повод годишнината од

Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково    

Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници од  Бирото за јавна безбедност, Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал,
Go toTop