„Доколку ПКК/ЈПГ не го исполни ултиматумот, одговорот ќе биде воена операција“, изјави министерот Фидан

January 8, 2025
3 mins read

АНКАРА (АА)

„Доколку терористичката организација ПКК/ЈПГ не го исполни ултиматумот да ја напушти Сирија, неопходен одговор ќе биде воена операција“, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во вчерашното интервју, јавува Анадолу.

„Ултиматумот што ѝ го дадовме (на терористичката организација ПКК/ЈПГ) е јасен. Го доставивме преку Американците и медиумите. Оние што се класифицирани како меѓународни терористички борци, кои доаѓаат од Туркије, Иран и Ирак, мора веднаш да заминат“, изјави министерот Фидан за телевизијата Си-ен-ен Турк.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучително деца, жени и постари лица.

Фидан, исто така, истакна дека не треба да се потценува новата администрација во Сирија, велејќи дека таа не се плаши од војна и со сила ја презела власта.

Башар ал Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи го зазедоа Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на владеењето на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.

Оваа промена се случи откако борците на Хајат Тахрир ал-Шам брзо ги зазедоа клучните градови во офанзивата што траеше помалку од две недели.

– „Туркије е подготвена да се грижи за затворениците на ДЕАШ доколку е потребно“

Турскиот министер за надворешни работи Фидан вели дека не се оправдува изговорот за поддршка на терористичката организација ПКК/ЈПГ со тоа што ги чуваат затворениците на ДЕАШ во Северна Сирија.

„Многу земји, вклучително и Туркије, се бореа против ДЕАШ, а новата сириска Влада е подготвена да ја преземе контролата врз затворениците на ДЕАШ“, рече тој.

„Доколку другите не можат да се снајдат со оваа одговорност, тогаш Туркије ќе го стори тоа со свои војници“, рече тој, додавајќи: „Со други зборови, Туркије е подготвена и за ова.“

„Откако членовите на терористичката организација ќе ја напуштат Сирија, другите групи треба да го остават оружјето и да се вклучат во новиот систем“, објасни Фидан, повикувајќи на „транзиција без пролевање крв и проблеми“.

„За возврат, сириските Курди кои не се поврзани со ПКК мора да бидат способни да живеат нормален живот и да учествуваат во општеството без нанесување штета на нив или нивните имоти. Новата администрација во Сирија го гарантира тоа бидејќи тоа е еден од нашите услови.“

Спомнувајќи дека Туркије започнала операции против ПКК/ЈПГ и покрај противењето на САД, Фидан рече дека за време на неговиот мандат како шеф на Националната разузнавачка организација (МИТ) спровеле 150-200, можеби и повеќе антитерористички операции и дека такви операции сѐ уште се во тек.

– „Туркије ја отфрла идејата за доминација“

Пред неговата значајна посета на сирискиот главен град Дамаск минатиот месец Фидан рече дека направил „дипломатски маратон“ за да ги утврди очекувањата на меѓународната заедница од новата администрација на Сирија.

„Тие се согласија да обезбедат Сирија повеќе да не претставува закана за нејзините соседи, негирање на било какво присуство на тероризам, заштита на безбедноста и правата на малцинствата и одржување на територијалниот интегритет и единство на земјата“, рече тој.

Во врска со приоритетите за Сирија, тој рече:

„Колку што е можно поскоро мора да се формира влада што може да му служи на народот и да добие меѓународно признание. Потоа треба да започне обновата на земјата.“

Фидан ја истакна важноста на поддршката од Сириската национална армија – локален сојузник и поранешна опозициска група – и од јужните сили, за новата администрација и воспоставување воена безбедност, нарекувајќи го тоа „клучен прв чекор“.

„Еден од ризиците е можноста поранешните членови на режимот да се организираат, колективно или во ќелии, и да се вклучат во конфликт со новата администрација“, истакна шефот на турската дипломатија.

Тој ги отфрли провокациите што кружат на социјалните мрежи за дејства против сириските алавити и шиити, велејќи: „Такво нешто не се случува во моментов, дај Боже и да не се случи. Ние не сакаме да се случи тоа и нема да дозволиме. Многу сме чувствителни по ова прашање.“

Министерот Фидан, исто така, ја пофали изјавата на привремениот сириски лидер Ал Шара, кој рече „Не дојдовме (на власт) за да го правиме тоа што ни беше направено“, велејќи дека тоа е знак на зрелост и изразувајќи надеж дека ќе продолжат по овој пат.

Негирајќи ги тврдењата дека Туркије сака да доминира во Сирија, Фидан продолжи со зборовите:

„Ние не го прифаќаме ова. Наша цел е на најконструктивен можен начин да го искористиме влијанието што го добиваме од заедничките врски на братството, географијата и граничните односи.“

Во врска со билатералните односи со Сирија, тој истакна дека Туркије негува взаемно еднакви односи со земјата и на својата улога гледа како на нудење поддршка.

„Ние отфрламе какви било политики во регионот што се однесуваат на доминација – без разлика дали се работи за Туркије, Иран или арапските држави.“

Коментирајќи ги неговите состаноци во Дамаск на 22 декември со Ал Шара, Фидан го опиша новиот лидер како политички вешт, способен и дека поседува лидерски квалитети.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Украина вели дека е подготвена да го пополни местото на Унгарија во ЕУ и НАТО доколку ги избере руските блокови

Следно

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

Latest from Blog

Раководството на ЕСМ склучило договор „во четири очи“ за копање јаглен

Компанијата „Топлина“ од охридското село Подмоље ќе започне со копање јаглен и меѓуслојна јаловина од рудникот Брод-Гнеотино за потребите на РЕК Битола. Оваа одлука, без објавување на јавен оглас, беше донесена преку

Германија усвои реформа на процедурата за враќање на уметничките дела украдени од нацистите

Германската влада денеска усвои реформа на процедурата за враќање на уметничките дела украдени од нацистите, проект критикуван од адвокатите и потомците на жртвите, но одобрен од Централниот совет на Евреите. – Германија

Туркије побара укинување на санкциите за Сирија по соборувањето на Асадовиот режим

ХАМИЛТОН (АА) – Постојаниот претставник на Туркије во Обединетите нации (ОН) денес повика на укинување на санкциите и отстранување на мерките против Сирија со цел да се поддржи закрепнувањето на земјата, јавува

САД: Пожарите низ Лос Анџелес зедоа две жртви, изгорени над 1.000 домови и деловни објекти

ВАШИНГТОН (АА) – Големите шумски пожари, помогнати од силните ветрови и временските услови без врнежи, брзо се проширија низ области во северниот и северозападниот дел на Лос Анџелес, земајќи две жртви и

Бајден ја прошири рамката за санкции на Западен Балкан – на црната листа и децата на корумпираните!

Претседателот на САД, Џо Бајден, донесе нова извршна наредба за проширување на санкциите во врска со ситуацијата на Западен Балкан, пишува Гласот на Америка. Наредбата ги дополнува условите за санкционирање лица кои
Go toTop