Доколку имате проблем во комуникацијата со вашиот партнер, еве решение!

May 9, 2024
2 mins read

Комуникацијата има клучна улога во градењето на здрава и успешна врска. Преку неа ние ги споделуваме нашите интереси, одлуки и грижи, ја изразуваме поддршката и љубовта кон партнерот, ги надминуваме разликите, ги решаваме проблемите итн. Способноста ефективно да комуницираме претставува вештина, а секоја вештина може да биде научена. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат во тоа:

Издвојте си време за разговор

Со денешното темпо на живот многу лесно може да станете роб на секојдневните рутински активности и да заборавите дека до вас постои личност на која ѝ е потребно вашето внимание. Вашиот партнер сигурно нема да признае, но нему му е потребен некој што ќе го ислуша. Затоа, секојдневно издвојувајте барем малку време само за него. Не е важно дали тоа ќе биде за време на вечерата или пак додека заедно ги извршувате домашните обврски, важно е постојано да разговарате.

Научете да слушате

Слушањето е основен дел од секоја комуникација. Иако изгледа како многу лесна задача, влегувањето во улогата на добар слушател и не е толку едноставно. Ако додека партнерот зборува, вие размислувате што да кажете наредно, тоа не е ефективно слушање. Ислушувајте го што има да каже, концентрирајќи се на секој негов збор. За да му докажете дека внимателно го слушате, повторете дел од она што го кажал и прашајте го дали добро сте разбрале, на пример „Значи, ти мислиш дека (неговото размислување)…, така?“, а потоа кажете го вашето мислење.

Искреност и отвореност

Да имате здрава врска значи да бидете отворени и искрени кон својот партнер. Многу жени ги кријат своите емоции, чувства и потреби, затоа што се плашат од реакцијата на партнерот или затоа што сметаат дека нивниот партнер би требало да претпостави што ги мачи. Но, како што знаете, вашиот партнер не е суперхерој кој може да чита мисли. Затоа, започнете да зборувате отворено со него, дури и ако тоа значи да му кажете нешта за вас кои никој друг не ги знае. Тоа ќе ја подобри вашата комуникација и ќе го поттикне и него да споделува повеќе и повеќе.

Не правете се како да знаете сè

Фрустрирачки е да разговарате со некој кој „знае сè“. Добрата комуникација се состои од слушање и поставување прашања, без тврдоглаво наметнување на мислења. Добро е да дадете совет и да го поткрепите својот став со аргументи, но празното зборување зачинето со непопустливост и тврдоглавост може да биде контрапродуктивно.

Фокусирајте се на сегашноста

Веројатно ви се случило да започнете да се расправате за еден проблем, а да се префрлите на сосема друг и дури и трет. Навраќањето на минатите проблеми само дополнително ја прави комуникацијата покомплицирана. За да го избегнете тоа, обидете се да останете фокусирани на сегашниот проблем, на вашите чувства и ставови кон него и на пронаоѓање на решение за него. Редовното разрешување на проблемите ќе ви помогне да го избегнете расправањето за 100 проблеми одеднаш.

Научете се да правите компромис

Наместо да се обидувате да излезете како победник од секоја расправија, обидете се да најдете компромисно решение. Здравата комуникација вклучува пронаоѓање на решение кое ќе ги задоволи и двете страни.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Винисиус: Сплотеноста е клучот за успехот на Реал

Следно

Пленковиќ им ја честита изборната победа на Мицкоски и Силјановска-Давкова

Latest from Blog

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop