Дојдете во Франција, ќе ве убиеме

July 22, 2024
1 min read

Израелските спортисти што ќе учествуваат на Олимпијадата 2024 веќе добиле закани по живот, пораки со омраза и телефонски повици од странски броеви, во кои се предупредуваат дека ќе бидат убиени ако пристигнат во Франција.

Во анонимен меил за кој известува израелскиот медиум Вала, се порачува дека на сите Израелци што ќе учествуваат на Олимпијадата, вклучително и делегати, ќе им биде наштетено, и да бидат подготвени за слично сценарио на Минхен 1972.

Израелците објаснуваат дека очекувале ваква атмосфера пред ОИ 2024 и дека имале разговори и обука со спортистите за тоа како да се однесуваат во ваква ситуација.

Освен теорија, Израел со спортистите испраќа и вооружени агенти на тајната служба Шин Бет „кои треба да го подготват теренот за најголемата безбедносна операција за израелски спортисти на Олимписките игри.“

Заканите ги потврди и израелскиот министер за спорт и култура, Мики Зохар, кој изјавува дека знаат, но не сакаат да зборуваат за нив. Министерот објаснува и дека безбедносните подготовки за игрите се почнати пред една година и дека буџетот за безбедност е зголемен за два пати за да се компензира за растот на заканите против Евреите по почетокот на војната меѓу Хамас и Израел.

На игрите ќе учествуваат 88 израелски спортисти и сите ќе имаат обезбедување, но не секој ќе има личен телохранител.

Отворањето на ОИ ќе го обезбедуваат околу 40.000 лица, што е речиси 4 пати повеќе од 10.500 спортисти кои ќе се појават на него. Посебно многу обезбедување е планирано за тренинзите на израелската фудбалска репрезентација на 21, 23 и 26 јули.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Долги колони возила на „Богородица“ и на „Табановце“

Следно

Симона Халеп нема бргу да се врати на тенисот

Latest from Blog

ОВА СЕ НАЈДОБРИТЕ ШПИОНИ ВО СВЕТОТ, а најдобрите европски не се ни во петте најдобри светски

Британската Тајна разузнавачка служба (МИ6) е најмоќната надворешна разузнавачка служба во Европа, пред француската Генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) и холандската разузнавачка служба, покажуваат резултатите од истражувањето на францускиот магазин Експрес,

ВМРО-ДПМНЕ за Изборниот законик очекува Шасивари да се сретне со Филипче

Ако одлуката на Уставниот суд за платеното политичко рекламирање биде во корист на Левица, по чија иницијатива Судот веќе расправаше, тогаш Собранието ќе мора повторно да го отвори Изборниот законик, барем во

„Илинден“-Тирана со барање: Официјалната веб-страница на Општина Пустец да биде достапна на македонски јазик

Македонско друштво “Илинден“–Тирана упати официјално барање до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот на Општинскиот совет и членовите на Советот, со кое бара официјалната веб-страница на Општината, покрај на албански, да биде достапна
Go toTop