Дојави за бомби ги затворија аеродромите во Подгорица и Тиват

May 13, 2023
1 min read

Аеродромите во овие два града во Црна Гора утринава информираа дека утринава околу 9 часот добиле закана преку телефон дека на аеродромите има поставено бомби. Аеродромите во моментов се затворени, а полициски службеници со кучиња трагачи вршат проверки. Додека траат проверките, авионите кои требаше да слетаат, кружат на небото на Црна Гора

„Во Подгорица еден авион е вратен на дополнителна контрола. Во моментот полициски екипи прават контроли на аеродромот“,

велат од аеродромот во Подгорица.

Од Министерстовто за внатрешни работи на Црна Гора пристигна известување дека на персоналот на аеродромите во Подгорица и Тиват им се заканувале од број од странство.

„Управата на полицијата согласно сите процедури презима мерки во област на своите надлежности, а јавноста ќе биде благовремено известена“,

рекоа од црногорското МВР.

Аеродромските служби им наредиле на сите пилоти кои требало да слетаат на аеродромите да кружат се додека не завршат проверките на полициските службеници.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Турски МИТ неутрализира висок терорист на ПКК во Северна Сирија

Следно

Граѓаните на Австрија се против проширувањето на Европската Унија

Latest from Blog

Денеска се враќаат уште пет пациенти од лекување од Србија, во странство остануваат хоспитализирани 33 пациенти

Министерството за здравство информира дека денеска уште пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување од Србија, по што согласно протоколот тројца пациенти ќе бидат под опсервација  на

Одобрено обвинението против возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

Советот за оценка на обвинителниот акт го одобри обвинението на Основното јавно обвинителство против осомничениот Васил Јованов за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ поврзан со

Стармер: Примирјето во Украина мора да биде прифатливо за сите, Крим не смее да биде дел од отстапките

Британскиот премиер, Кир Стармер, изјави дека Украина мора да има целосна автономија во одлучувањето за условите на мировниот договор со Русија, отфрлајќи го предлогот на американскиот претседател, Доналд Трамп, за признавање на

Најмногу дожд во Крушево и Маврови Анови, времето денеска променливо облачно и нестабилно

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крушево, 26 литри, и во Маврови Анови, 23 литри на квадратен метар, информира УХМР. Според мерењата до 8 часот утрово, во изминатото деноноќие 14

Стотици студенти на францускиот „Сајанс По“ на протест за поддршка на Палестина

СКОПЈЕ (АА) – Стотици студенти на Универзитетот „Сајенс По“ во Париз, Франција, организираа протест, окупирајќи делови од главниот кампус на универзитетот во знак на револт поради врските на институцијата со израелските академски
Go toTop