Дојава за бомба во траект со 750 патници на атинското пристаниште

May 4, 2025
1 min read

Траект со 750 патници што во 20 часот по локално време требаше да отплови од атинското пристаниште Пиреас за островите Хиос и Лезбос останува закотвен поради анонимна дојава за поставен експлозивен механизам во бродот, а патниците се евакуирани, јави дописничката на МИА од Атина.

Телефонскиот повик за бомбата бил во канцелариите на бродската компанија Blue Star, а од Крајбрежната служба на Грција информираа дека во траектот што се наоѓа на пристаништето се врши проверка со помош на куче-душкач, додека пак сите патници биле евакуирани.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Загина мотоциклист во сообраќајка на патот Дебар – Струга

Следно

Астрофотографот Спиркоски со ретка фотографија на Јупитер и Месечината над Охрид

Latest from Blog

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги
Go toTop