Според Катимерини, непознати лица се јавиле во неколку редакции на грчките телевизии, предупредувајќи дека во 11:30 часот ќе експлодираат бомби во амбасадите на САД, Египет и Израел. Припадниците на Одделот за уништување експлозивни направи се на терен.