Додик подготвен да се поклони пред бошњачките жртви во Сребреница, но не признава геноцид

April 26, 2024
1 min read

Српскиот лидер во БиХ, Милорад Додик, синоќа изрази подготвеност да го посети Меморијалниот центар Поточари во Сребреница и да положи цвеќе на заедничкиот споменик подигнат во спомен на масакрот врз Бошњаците во војната, но повторно негираше дека таму се случил геноцид.

Во интервју за новинската агенција на Република Српска, претседателот Додик најави дека владата и целото раководство на овој ентитет ќе заседаваат во Сребреница на 2 мај 2024 година, кога ќе се одржи расправата во Обединетите нации и се очекува гласањето за Резолуцијата за осудата на геноцидот во овој град во летото 1995 година, јпренесе Хина.

Резолуцијата е поддржана од околу 20 земји, меѓу кои САД, Обединетото Кралство и Германија и се очекува нејзино усвојување. Целта е да се интернационализираат страдањата на Бошњаците во Сребреница, каде што беше извршено најголемото воено злосторство на европско тло по Втората светска војна.

Водечките српски функционери од Белград и Бања Лука, претседателите Александар Вучиќ и Милорад Додик тврдат дека ова е обид да се префрли вината на српскиот народ.

-Република Српска нема да ја прифати резолуцијата за Сребреница за која ќе се одлучува во Генералното собрание на ОН, бидејќи се што е напишано во неа е лага. Босна и Херцеговина не може да живее врз основа на тоа дека едната нација во неа е оквалификувана како геноцидна, а другата како победнички, рече Додик.

Меѓутоа, тој изрази подготвеност да им оддаде почит на жртвите од масакрот во Сребреница.

-Доколку ни се укаже можност на 2 мај, венците ќе ги однесеме во Поточаре ако тоа не навреди никого. Не се плашам дека би можел да завршам како Вучиќ кој дојде да им оддаде почит на жртвите, да изрази сочувство и доби камен во глава и никој за тоа не одговораше, истакна Додик.

Тој смета дека Резолуцијата за Сребреница, сепак, нема да го добие потребното мнозинство на седницата на Генералното собрание на ОН.

Меѓународниот трибунал за воени злосторства извршени на територијата на поранешна Југославија донесе осум пресуди против водечките српски политички и воени функционери во кои масакрот на повеќе од 8.000 бошњачки мажи и млади во летото 1995 година во областа на Сребреница и Жепа го нарече геноцид.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОК Струмица ја одбрани титулата во домашниот шампионат

Следно

САД денеска ќе објават нов пакет помош во оружје за Украина вреден шест милијарди долари

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и

Избрани се четворица обвинители во ОЈО ГОКК

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека не учествувал во интервјуата на кандидатите, но ги проучил материјалите за сите осум кандидати за обвинители во ОЈО ГОКК. Сепак, додаде дека ги познава сите
Go toTop