Додик: Ова е политичка одлука и удар врз Република Српска

August 1, 2025
1 min read

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, се обрати на јавноста на прес-конференција по повод второстепената пресуда на Судот на Босна и Херцеговина и нагласи дека оваа одлука не била неочекувана и оти е „насочена против Република Српска“.

– Според Дејтонскиот договор, не постои висок претставник. Шмит направи хаос. Овде се работи за чисто политичка одлука. Судот на Босна и Херцеговина е политички суд. И Уставот и законот велат дека делегатите ги избира исклучиво Народното собрание. Очигледна политичка намера на политичко Сараево, рече тој.

– Суштината е дека Кристијан Шмит рече дека секој што нема да го почитува ќе заврши во затвор. Ако го прифатиме тоа, само прашање на денови е кога сите овие луѓе овде ќе бидат на дневен ред, нагласи Додик.

Според него, „ова е удар врз Република Српска“ и повтори дека „не сторил никакво кривично дело“.

– Институциите на РС ќе го одредат својот став кон ова. Ова е политичката волја на моќните. Народот мора да знае дека Додик не извршил никакво злосторство, ова служи за елиминирање на РС, рече претседателот на Република Српска и истакна дека Европската Унија стои зад нападот врз него, бидејќи Унијата бара каква било победа со оглед на фактот дека трпи порази од Украина до прашањето за царините.

– Странците кои учествуваа во ова можат слободно да ги исклучат своите телефони. Ќе размислиме како ќе се движиме. РС веќе отвори јавна дебата за Уставот. РС мора да отфрли суд и обвинителство што судат на овој начин. Обвинител муслиман, судија муслиман, прв судија муслиман, рече Додик.

Претседателот на Собранието на РС Ненад Стевандиќ рече дека ова е уште еден показател дека не им е грижа за мирот.

– Целосно сме сигурни дека го имаме народот на наша страна. Досега победувавме. Ги имаме институциите и народот на наша страна. Ќе имаме одговор без никаков страв, рече тој.

Апелациониот оддел на Судот на БиХ денеска ја потврди првостепената пресуда против претседателот на Република Српска Милорад Додик, изјави неговиот адвокат Горан Бубиќ.

Како што рече Бубиќ, Судот на БиХ телефонски му соопштил дека жалбите и на одбраната и на Обвинителството на БиХ се одбиени и дека првостепената пресуда е потврдена во целост.

Додик беше прогласен за виновен за преземање дејствија од 1 до 9 јули 2023 година во Бањалука, свесно и со знаење дека високиот претставник Кристијан Шмит донел одлука со која се спречува стапувањето во сила на Законот за непримена на одлуките на Уставниот суд на БиХ од 1 јули истата година, како и одлуката со која се спречува стапувањето во сила на Законот за измени и дополнувања на Законот за објавување на закони и други прописи на РС, со цел продолжување на законодавната постапка, без примена и неспроведување на одлуките на високиот претставник.

Првостепената пресуда против Додик беше изречена на 26 февруари оваа година. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ралев за ТВ 24: Објаснувањата за “лиценцен пазар” се недоветни

Следно

Мицкоски после театарот во собрание: Не може ништо да направиме ќе чекаме избори

Latest from Blog

Изгледот на 13-годишната ќерка на Бијонсе предизвика критики: „Треба да го заштити детето“!

 Појавата на тинејџерката предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, од пофалби до критики. Бијонсе објави фотографија со нејзината мајка и ќерка на Инстаграм со опис: „Честитки, мамо, за твојата филантропска награда на

Фото: Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

Американската актерка посети медицински установи, вклучувајќи породилиште и детска болница во градот кој беше окупиран од Русија неколку месеци во 2022 година, пренесоа локалните медиуми. Локалниот функционер, Виталиј Богданов, објави на Фејсбук

СКОРО ПА И ГИ НЕМА: „МАЛИ ШАНСИ“ за косовската влада предводена од Коњуфца

Шансите Глаук Коњуфца, премиерот назначен од претседателот Вјоса Османи, да ја формира новата Влада на Косово се чинат минимални. Со обединетата поранешна опозиција околу идејата за нови избори, вториот обид на движењето

ЛШ: Барса чудно, но преживеа во Белгија, Интер и Сити со нови победи (ВИДЕО)

Изненадувањето на вечерта во Лигата на шампионите се случи во Белгија, каде екипата на Бриж одигра 3:3 со Барселона,но реално имаше сериозни шанси и за победа. Домашните трипати водеа, Барселона трипати израмнуваше,

Муцунски: Не е само прашањето на уставни измени, прашањето е кои се гаранциите што ќе ги добие државата за предвидливоста на нејзиниот пат напред

Главната порака што ја добивме од Брисел е дека геополитичкиот контекс и налага на ЕУ да го интерпретира процесот на проширување како процес на унификација на Европа којшто покрај економско има и
Go toTop