Додека Шабан беше жив имаше многу пријатели, а Илда Шаулиќ сега откри што се случило со нив по неговата смрт

March 5, 2024
1 min read

Пејачката Илда Шаулиќ изјави дека по смртта на нејзиниот татко, легендата на фолк музиката Шабан Шаулиќ, многу негови пријатели престанале да контактираат со неа и со другите членови на семејството.

-Точно е дека многумина не се појавија по смртта на мојот татко. Се покажа дека овие луѓе никогаш не биле искрени пријатели. Најмногу влијаеше тоа на мајка ми, со оглед на тоа што тие се дружеа со овие луѓе. Ние децата си имавме свој живот, а таа беше поврзана со луѓето преку нејзиниот сопруг и работата, а тие наеднаш се изгубија и замолкнаа, изјави пејачката.

Таа вели дека ја препознала неискреноста на пријателството на некои луѓе кои долго време поминале со нејзиниот татко. Затоа сега се сомнева дека биле со него за да ја искористат неговата слава.

-Не бев изненадена. Претпоставувам дека веќе имав мислење за тие луѓе. Тие беа таму цело време од интерес бидејќи татко ми беше тој што беше. Гледаа да напредуваат со него на еден или друг начин, а кога го нема сфатија дека не треба ни да бидат веќе таму, рече Илда.

Неда Украден, која исто така гостуваше во емисијата, изјави:

– Сакаа да се изгребат на неговата слава!

– Токму така – потврди Илда.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе ѝ дојде ли некогаш ред на Источна Европа да води?

Следно

Месото во исхраната на бебето се внесува по седмиот месец од развојот

Latest from Blog

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата
Go toTop