Додека пациентите чекаат терапија на онкологија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во контра обвинување – кој и зошто ги остави болните од рак без неопходните лекови

January 26, 2025
1 min read

Додека обвинителството го чека финалниот извештај од вештачењто во Словенија, партиите продолжуваат со меѓусебните обвинувања за тоа кој е виновен за скандалот со онкологија.

Поранешната министерка за труд и пратеничка на ВМРО ДПМНЕ Рашела Мизрахи вели дека на онкологија владел општ хаос. Таа тврди дела никогаш не била формирана стручна комисија која разгледувала кои медикаменти и во која количина ќе бидат потребни на пациентите. Тоа било одлучувано на друго место, а не согласно потребите на пациентите, вели Мизрахи која оцени дека бизнисот бил карциномот на макеоднското здравство.

Наместо да преземе одговорност, да формира штаб, веднаш да го реши проблемот, од власта слушаме несериозни изговори и оправдувања, а за својата неспособност обвинуваат други, вратија од СДСМ.

Скандалот со онкологија доби свое второ полувреме, откако деновиве се појави недостиг на биолошка терапиајa за пациентите болни од рак. Првиот човек на Фондоѕ Сашо Клековски вели дека терапија немало само за мала група пациенти и најави скора разрешница на проблемот. И покрај се, одговорност за скандалот на оваа клиника се уште нема.

Директорот Нино Васев беше уапсен во акцијата поврзана со повеќемесечната истрага на обвинителството за кражбата на цитостатици на Онкологија. Сега, со вештачењето од Словенија и извештајот од Србија, кои треба да стигнат до крајот на месецов, се очекува скандалот конечно да стигне до суд.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер за надворешни работи ги продолжува дипломатските контакти во Ирак

Следно

Утре студентите во Белград продолжуваат со блокади

Latest from Blog

Николоски: Се гради првото туристичко езеро на истокот – Отиња веќе 70% готова (ВИДЕО)

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски објави дека изградбата на браната Отиња е реализирана во 70 проценти, што претставува значаен чекор кон создавање на првото туристичко вештачко езеро во

Аврамовски: „Судењето за Кочани станува неефикасно поради законските измени“

Извршниот директор на Коалицијата „Сите за правично судење“, Дарко Аврамовски, во интервју за РСЕ, оценува дека случајот со трагедијата во Кочани е „колатерална штета“ од измените на Кривичниот законик. Тој посочува дека

Маглешов: Две теории за ист случај од едно Обвинителство, време е за навремена ревизија

Единственото Јавно обвинителство во државата, како самостоен орган, излегува со две потполно различни правни теории за одговорноста во истиот случај. Ова го истакнува новинарот на Призма (БИРН), Васко Маглешов, предупредувајќи на сериозни
Go toTop