Доаѓа топол бран – oд утре до средината на следната седмица температури и над 40 степени

July 2, 2025
1 min read

Доаѓа топлотен бран во Македонија. Од утре до средината на следната недела температурите наместа ќе надминат 40 степени.

Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Институтот за јавно здравје деновиве излезе со препораки за заштита на повозрасните од топлото време.

Се апелира повозрасните да избегнуваат изложување на сонце, како и работа на отворено, во периодот од 11 до 17 часот. Да носат лесна, облека, заштитни очила за сонце, капа и крем со УВ фактор 30+ при изложување на сонце.

Да се пие вода повеќе. Алкохолните пијалаци да се избегнуваат, како и оние што содржат кофеин, но и екстремно ладните.

Се препорачува да се избегне користење шпорет, рерна и слични уреди од 11 до 17 часот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ТАМАРА КОТЕВСКА И СЕНАД АБДУЛИ ПОЧНАА ДА ГИ СНИМААТ ДЕБИТАНТСКИТЕ ИГРАНИ ФИЛМОВИ „ЧОВЕК ПРОТИВ ЈАТО“ И „ДОГОВОР“

Следно

Алкараз без проблеми во мечот од второто коло на Вимблдон

Latest from Blog

Општина Битола: Просторот зад СВР се трансформира во функционален јавен простор

Се уредува просторот зад зградата на СВР Битола, односно парцелата која досега претставуваше неорганизирана земјена површина. Со проектот е предвидено партерно уредување со бехатон плочки на површина од околу 800 квадратни метри.

Божиновска: Младите ја градат свесноста за богатствата на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со ученичките Марија, Јасемин и Ангела од гимназијата „Ѓорѓи Димитров“ во Скопје, кои стојат зад документарниот филм посветен на македонскиот рубин.

Македонскиот скулптор Ангел Коруновски со изложбата „Лица“ во КИЦ Белград ја афирмира македонската уметност

Македонскиот скулптор Ангел Коруновски се претстави пред белградската публика со својата најнова изложба „Лица“, која беше отворена во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Белград. Изложбата претставува значаен културен настан и уште еден пример

ВЛЕН се обединува во единствен политички субјект – почеток на нова политичка ера во Македонија

Коалицијата ВЛЕН влегува во нова фаза на политичко делување со најавата дека ќе функционира како единствен политички субјект, процес што веќе е започнат и постепено се интензивира. Според информациите, целта е да

ИЗРАЕЛ ВЕЌЕ НЕМА ДА НАПАЃА ЕНЕРГЕТСКА ИНФРАСТРУКТУРА – ако Иран му се настрви на Катар, ќе се соочи со ПЕКОЛ од САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел повеќе нема да извршува напади врз главните објекти за природен гас во Иран. Неговата изјава доаѓа во време на зголемени тензии и се чини дека
Go toTop