До Нова година мониторинг, а потоа строги казни за оние што не го почитуваат Законот за нефер трговски практики

October 22, 2024
1 min read

До Нова година ќе има мониторинг врз спроведувањето на Законот за нефер трговски практики, а потоа ќе следуваат ригорозни казни за оние што нема да го почитуваат, најави денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Како што истакна Рисетски, сите економски мерки и овој закон се во интерес на граѓаните.

-До Нова година ќе се мониторира спроведувањето на Законот за нефер трговски практики, а потоа ќе следуваат ригорозни казни за оние што нема да ги почитуваат мерките предвидени со ова законско решение. Сите мерки, вклучително и овој закон, се во интерес на граѓаните и во насока на подобрување на животниот стандард, истакна Ристески на прес-конференцијата на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

Законот за нефер трговски практики стапи во сила кон крајот на септември. Со него се опфатени околу 2 500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што се очекува за 10 отсто да ги намали нивните цени. Со Законот, покрај ограничен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакнување одреден производ на полица.

Казната за најтежок прекршок и непочитување на овој Закон може да изнесува до 20 000 евра за голем трговец и од 350 до 500 евра за одговорното лице. Казните за полесни прекршоци зависат од тоа дали прекршокот го сторил правно или физичко лице. Највисокиот износ на казната за полесен прекршок што може да се изрече во постапка е 5.000 до 6.000 евра за голем трговец и 350 до 500 евра за одговорното лице во правното лице кој е голем трговец.

Надлежен орган за контрола на примената на Законот е Комисијата за заштита на конкуренцијата, која поведува и прекршочна постапка доколку се прекрши која било мандаторна одредба од Законот

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Протоколарна средба на министерот Муцунски со новите членови на историската комисија

Следно

Таравари: ДУИ нема да протестира, им студи – Раководството на ДУИ од утре излегува на средби со граѓани

Latest from Blog

САД и Иран не постигнаа мировен договор по 21 час преговори во Пакистан

Според него, американската делегација ги напушта разговорите поради суштински несогласувања, бидејќи Иран не ги прифатил условите поставени од Вашингтон, вклучително и откажувањето од производство на нуклеарно оружје. – Лошата вест е што

Има договор: Луис Енрике во ПСЖ до 2030!

Фото: ПСЖ Твитер Се чини дека има договор, дека Луис Енрике ќе потпише нов договор со ПСЖ. Неколку сигурни извори потврдија дека преговорите се при крај, дека договорот дури и не бил

Американски конгресмени го КРИТИКУВААТ МЕШАЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ВО ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА

Републикански членови на Конгресот испратија формално писмо до Урсула Фон Дер Лајен, остро критикувајќи го мешањето на Европската комисија во унгарскиот изборен процес. Како алатки за влијание, тие ги истакнуваат финансирањето водено

Проданоски со велигденска порака: Светлината на Воскресението нека донесе мир во секој дом

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните по повод големиот христијански празник Велигден. Во својата порака, Проданоски истакна дека Воскресението Христово е симбол на надежта, љубовта и новиот почеток,
Go toTop