ДКСК: Прекршочни налози за повеќе општински советници, директори и членови на управни одбори кои истовремено извршуваат и други функции

February 3, 2023
1 min read

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 81 седница информираше за извршена редовна проверка на поднесените Изјави за интереси и утврдените прекршувања на забраните од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, при што се утврдени повеќе случаи каде членови на Совети на општини, истовремено извршуваат и други функции.

Антикорупционерите утврдиле случаи, каде што, член на Совет на општина е истовремено и в.д. директор на Јавно претпријатие, друг член на Совет на општина истовремено е и директор на Јавна здравствена установа – Здравствен дом, потоа член на Совет на општина, кој е и адвокат, друг член на Совет на општина е и претседател на училишен одбор на ОУ, како и член на Совет на Град Скопје, кој е и адвокат.

ДКСК, исто така, утврдила и случај каде што в.д. директор на Јавно претпријатие и сопственик и управител на приватна фирма, член на Совет за заштита на потрошувачите и претседател на Управен одбор на ЈЗУ, в.д. директор на Јавно комунално претпријатие и сопственик на кој што управува со приватна фирма, член на Управен одбор на Клиника за гастроентерохепатологија и член на Управен одбор на детска градинка, како и член на Управен одбор на ЈЗУ Клиника за уво, нос и грло и адвокат.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, појасни дека согласно законот избрано и именувано лице не може да биде ниту член на Управен одбор, ниту во друг управен орган и други забрани кои што треба да се почитуваат. – До сите лица ќе се достави известување со барање да се откажат од едната функција и ќе се спроведе постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог, изјави Ивановска.

ДКСК, на денешната седница, меѓу другото, најави дека од понеделник ќе почне да функционира регистарот на избрано и именувани лица на Државната комисија за спречување на корупцијата, што значи дигитализација на поднесувањето на известување од лицата и институциите при избор, со што ќе се избегне чекање за доставување на хартиени документи и побрзо детектирање на прекршувања.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уште еден плоштад во Скопје се претвори во јавен паркинг

Следно

Во Загреб протестираат здравствените работници

Latest from Blog

Февруари со надолен тренд на цените на мало

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, цените на мало во февруари 2026 година се намалени во споредба со јануари. Индексот на цените на мало изнесува 99,7, што значи пад од

Вработена од ДЗС Кочани: За Пулс не сум добила никаква документација, подрачното одделение Кочани нема инспектор за заштита и спасување

Во подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Кочани не е примена документација во врска со дискотеката „Пулс“, сведочеше вработена во ова подрачно одделение. На денешното судење за пожарот во
Go toTop