ДКСК бара кривичен прогон на Даштевски и други лица од ДИК за набавката на „фингерпринт-уредите“

July 19, 2023
2 mins read

Антикорупционерите се сомневаат во тендерската постапка, изборот на комисијата, приемот на уредите, приемот на софтверот и многу други елементи од набавката на системите за идентификација со отпечаток од прст кои беа купени за локалните избори во 2021 година

Во април годинава „360 степени“ откри дека локалните подизведувачи за тендерот оствариле неверојатен раст на бизнисот во годината кога се купиле апаратите. Компанијата „Алфазет-М“ во 2021 година имала приходи од околу 1,3 милион евра, од што профитот е речиси еден милион евра. Следната година фирмата имала само 50-ина илјади евра приходи. Вториот подизведувач, „Симболоко“, во 2021 година прикажал 2,2 милиони евра приходи. За споредба, годината претходно приходите им се десетпати помали – околу 200 000 евра

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одлучи да поднесе иницијатива за поведување постапка за кривично гонење за сите одговорни во Државната изборна комисија (ДИК) до Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупција, а во врска со набавката на опремата за гласања со идентификација на отпечаток на прст. Антикорупционерите сметаат дека при набавката на т.н. „фингерпринт-уреди“ е сторена штета врз Буџетот на Република Северна Македонија преку пропуштање дејствија, ненавремено постапување, непостапување и злоупотреба на службената положба во корист на трети лица.

Александар Даштевски, претседател на ДКСК.

Овие наоди се образложени во извештај од 19 точки на кои ДКСК работеше подолго време. Некои од главните наоди се дека не може да се констатира со задоволителен степен на уверливост, зашто првично проценетата вредност на набавката порасна од 300 000 000 на 720 000 000 денари, односно од околу 5 на 12 милиони евра. Сомнежи кај ДКСК има и поради фактот дека првиот тендер пропадна, па имаше промени во комисијата за јавната набавка, за потоа вториот обид да биде успешен.

Потпишување на меморандум меѓу ДКСК и Јавното обвинителство на РСМ, фото: архива

„Од споредување на содржината на тендерската документација од поништената постапка со верзиите на тендерската документација од реализираната постапка се забележуваат разлики во содржината на техничките спецификации. Тендерската документација со дефинираните технички спецификации, критериумите за избор на најповолна понуда и критериумите за способност на економските оператори била предмет на чести измени. Иако измените биле спроведени согласно одредбите на Законот за јавните набавки и во насока на исполнување на дел од барањата на економските оператори, истите влијаеле на квалитетот, целосноста, точноста и прецизноста на информациите за начинот на кој ќе се спроведе постапката за јавна набавка. Иако жалбите од незадоволните економски оператори биле одбиени од Државната комисија за жалби по јавни набавки, истите укажуваат на слабости во процесот на претходна проверка на пазарот и содржат наводи за дискриминаторски и непропорционални критериуми за квалитет“,

се вели, меѓу другото, во извештајот на ДКСК.

Подетално за наодите во извештајот на ДКСК ќе известиме подоцна во текот на денов.

„360 степени“ во повеќе наврати известуваше за набавката на уредите за идентификација со отпечаток на прст, потоа за процесот на нивна употреба, но и за текот на „истрагата“ на ДКСК за овој случај. Последно, откривме дека локалните подизведувачи на добитникот на тендерот „Дермалог“, оствариле рекордни профити само во годината кога се купуваше опремата.

Независно од сторијата за „Дермалог“, во истото издание на „360 степени“ кога ја објавивме сторијата за профитите, премиерно го прикажавме и нашиот истражувачки мини-документарец – дека тештата на претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, во септември лани купила куќа на Халкидики, а тој бил ополномоштен правно да ја заокружи купопродажбата. Денот кога требаше да ја објавиме сторијата Даштевски ја тргна од својот фејсбук-профил семејната фотографија направена во таверната во Елани – местото во кое се наоѓа куќата. ДКСК за тој случај води посебен предмет.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заврши повикот за субвенции за инвертери 19.7.2023

Следно

Јужноафриканска Република: Путин нема да присуствува на Самитот на БРИКС во Јоханесбург

Latest from Blog

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.
Go toTop