Џон Кирби: „Американските трупи ќе останат во Сирија“

March 27, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека американските војници ќе продолжат да бидат во Сирија, пренесува Анадолу.

Според неговите зборови, американскиот претседател Џо Бајден одговорил „брзо и храбро“ на нападите врз воените објекти во Сирија.

„Ова беше сериозен напад на милитантните групи. И претседателот реагираше значително, брзо и храбро за да се соочи со тоа“, рече Кирби во телевизиското шоу на „Си-би-ес“ (CBS).

Тој посочи дека во Сирија има помалку од 1.000 американски војници и дека работат на неутрализирање на терористите на ДЕАШ.

Изјави дека активноста на терористите на ДЕАШ е значително намалена во Сирија, но и дека американските војници ќе останат на должност во таа земја.

Тој изјави дека Бајден е „апсолутно одлучен“ да ги задржи американските трупи во Сирија.

Кирби зборуваше и за можноста за дополнителни одговори, доколку Бајден смета дека е потребно, на нападите од групите поддржани од Иран врз американскиот персонал и објектите во Ирак и Сирија на 23 март.

„Тука покажавме дека САД секогаш ќе дејствуваат решително за да го заштитат нашиот народ“, рече Кирби.

Извори за Анадолу под услов да останат анонимни, рекоа дека во петокот вечерта биле извршени дваесетина ракетни напади од регионот каде што биле присутни групите поддржани од Иран врз нафтените полиња Ал-Омар и Кунико, каде што се стационирани американските сили.

Американските сили стационирани на тие полиња, според наводите, возвратиле со оган кон воените бази во кои се наоѓаат групите поддржани од Иран.

Терористичките организации поддржани од Иран во четвртокот ги нападнаа нафтените полиња Ал-Омар и Кунико со беспилотни летала и ракети. Еден ден подоцна, САД започнаа воздушни напади врз групите поддржани од Иран во источна Сирија како одговор на нападот со беспилотно летало во кој загина еден, а повредени се пет американски војници.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Вработените во Министерството за култура и денес ќе бараат повисоки плати

Следно

„Водовод“ со акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 31 март

Latest from Blog

Instagram конечно доби „Историја на гледање“ – нова функција што ќе ви го смени користењето на апликацијата!

Популарната социјална мрежа Instagram, која е во сопственост на Meta, ја воведува новата и долгоочекувана функција „Историја на гледање“ (Watch History). Овој потег е директен одговор на фрустрациите на корисниците кои со

ДИК утре ќе ги објави целосните конечни резултати од гласањето во сите општини

Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе ги објави целосните конечни резултати од гласањето во сите општини поединечно на 19 октомври во првиот круг на Локалните избори, соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

– Како резултат на координацијата на оперативните дејствија меѓу специјалистите од Дирекцијата на Интерпол Тирана и нивните колеги во Австрија, финализирана е постапката за екстрадиција од Албанија во Австрија на лицето  Монди
Go toTop