Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје и ќе бара негово разрешување

June 20, 2025
1 min read

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при јавното обвинителство, по целосно спроведени две дисциплински постапки, ги прифати предлозите поднесени од јавниот обвинител на Македонија и одлучи дека вишиот јавен обвинител на вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи и уште еден јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, сториле тешки дисциплински повреди од законот за Јавното обвинителство, односно намерно и неоправдано направиле крупни професионални грешки.

Комисијата утврди дека јавниот обвинител од вишото јавно обвинителство скопје, против кого се водеше една постапка, нестручно и несовесно постапил во 4 предмети во кои се откажал од жалба или обвинение.

За ова на овој јавен обвинител изречена му е дисциплинска мерка – намалување на плата во висина од 30% од платата во траење од 6 месеци од правосилност на решението“, соопшти дисциплинската комисија. За вишиот јавен обвинител на ВЈО Скопје Хајрулахи, се воделе две одвоени дисциплински постапки.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чупиќ нов тренер на Вардар

Следно

Двајца грчки поранешни министри се вмешани во злоупотреба на земјоделските фондови на ЕУ

Latest from Blog

Битола веќе на терен – инфраструктурни проекти пред официјалната градежна сезона

Општина Битола објави промотивно видео со кое ја најавува засилената градежна активност, уште пред официјалниот старт на пролетната сезона. Од општината посочуваат дека иако градежната сезона традиционално се поврзува со потоплите пролетни

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е
Go toTop