Директорот на Царинска управа: Пофалба за секој што заслужил, но и санкционирање на секој што заслужил

October 15, 2024
1 min read

Со личен пример сакам да покажам дека е потребен многу поголем искрен ангажман. Работиме на менување на свеста на царинските службеници и ќе функционираме по систем „пофалба за секој што заслужил, но и санкционирање на секој што заслужил“, вели директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, во интервју за магазинот за туризам и менаџмент.

-Царинските службеници на граничните линии се тие кои се грижат за безбедноста на нашите граѓани штитејќи ги финансиските интереси на државата. За жал во некои одредени сегменти се забележани коруптивни појави, при што во моментов работиме на конкретни механизми на нивно сузбивање. Една од овие мерки е носењето на боди камери, за што е обезбедена донација од американска амбасада, истакна тој.

На граничните премини и терминали, поставен e новиот систем за видео надзор и препознавање на регистарски таблички, а податоците од истиот ќе се користат при истрагите што ги води Управата, вклучувајќи ги и оние во делот на корупцијата.

Истовремено, како што информира Николовски, Царинската управа интензивно работи на отпочнување на проектот за автоматизација на терминалите. Во рамки на самиот проект овој систем ќе се поврзе со системот за видео надзор, а во иднина и со останатите системи. Разговарано е податоците од истиот да може да ги гледа и МВР, а се со цел заедничко делување против криминалот и корупцијата. Ова се само дел од активностите кои значително ќе придонесат за сузбивање на криминалот и корупцијата и заштита на финансиските интереси на државата.

Вчера директорот Николовски на настан пред дел од државниот врв, претставници на бизнис заедницата и претставници од меѓународни организации ги презентираше резултатите од 100те дена. Зголемена наплата на приходи за 9,2 проценти, зголемени случаи на заплени за над 60 проценти, отпочнување и интензивирање на капитални проекти со цел зголемување на конкурентноста на македонската економија беа само дел од презентираните резултати.

На настанот свое обраќање имаше и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска која истакна дека резултатите јасно кажуваат дека Царинската управа не се штеди, работи согласно закон и дека кога сакаме можеме.

„Приходите од увозните давачки во јули бележат раст од 23,7%, во август 8,9% и во септември 24,5%, додека на акцизите во јули раст од 16,6%, август 11,9% и септември 25,9%. Ова јасно кажува дека Царинската управа не се штеди, работи согласно закон и дека кога сакаме можеме. Тоа значи дека нема повеќе увози коишто ќе бидат нелегални или увози кои ќе подразбираат процена на пониска вредност. Царината е првата контрола на увозот на стока во државата и од Вас понатаму зависи се. Приоритет е почитување на законите и да кажеме стоп на корупцијата и криминалот“, рече министерката Димитриеска Кочоска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Штетите од поплавите и одроните во БиХ се проценуваат на околу 25 милиони евра

Следно

Сиљановска Давкова: Руралните жени се хероини на кои треба да им се восхитуваме и да ги поддржуваме

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop