Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на еден од најврвните полициски тренинг центри во светот

September 19, 2024
1 min read

Првиот човек на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, директорот Александар Јанев заедно со началникот на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР, како и со претставници на амбасадата на САД во Македонија изминативе денови се наоѓа во работна посета на еден од најмодерните меѓународни центри за обука – Јорданскиот меѓународен полициски тренинг центар (JIPTC), каде што преку програмата за антитерористичка поддршка на САД (АТА) на неколку месечна обука престојуваа и се обучуваа и полициски службеници од македонската полиција, информираат од МВР.

Според Министерството, станува збор за високо експертска обука за профилација на специфична полициска стручност во доменот на антитерористичката борба, во конкретниот случај за сите предизвици поврзани со инциденти од експлозиви и противмерки за уништување на истите со помош на најсовремена технологија – роботика.

-Покрај ова, директорот Јанев во рамки на посетата заедно со претставниците на АТА програмата и на амбасадата на САД во РСМ, а врз основа на специјализираните капацитети што ги нуди овој врвен тренинг центар во Јордан, ја искористи можноста за утврдување натамошните заеднички цели за идна соработка, за подигање и за градење на капацитети на македонската полиција во борбата против криминалот и тероризмот, се вели во соопштението од МВР.

Директорот Јанев остварил средби и со претставник на кралот на Јордан и командант на базата бригадниот генерал Мухамед Ал Абади и заменик командирот на тренинг центарот Алла Ал Ассаф, на кои што се разговарало на повеќе теми од заеднички интерес, примарно за предизвиците во националната и транснационалната безбедност поврзана со тероризмот и организираниот криминал. Исто така, биле разгледани и можностите за идната соработка во делот на ефективна размена на информации и заеднички обуки за борбата против тероризмот и организираниот криминал.

Јанев ја искористил можноста да упати искрена благодарност до Владата на САД, до Амбасадата на САД во Скопје, како и до Јорданските власти за поддршката којашто ја даваат на македонското МВР, а во насока на етаблирање на македонската полиција како рамноправен и кредибилен партнер во борбата против глобалните закани и предизвици.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

АХВ: Ако сте купиле „Атлантик Штарк“ бисквити вратете ги, можно е присуство на туѓо тело

Следно

Украинскиот Парламент ја одобри резолуцијата за преименување на над 300 населени места

Latest from Blog

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the
Go toTop