Директорот на АНБ ги исполнува условите согласно законот, тврди премиерот Мицкоски

October 27, 2024
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски ги исполнува условите согласно законот. Ја повика Антикорупциската комисија во најбрз рок да се произнесе по овој случај по обвинувањата од опозицијата дека Христовски не ги исполнува условите да биде директор на АНБ.

– Тврдам дека сите услови согласно закон се исполнети. Едииствен орган којшто треба да констатира дали тие услови се исполнети е Антикорупциската комисија која ја повикувам да го истражи брзо овој случај. Убеден дека тој ги исполнува условите. Зарем ќе дозволиме такво нешто да се случи. Документот е издаден од 2022 година, дали во меѓувреме постоела или не постоела таа Агенција, тоа е сосема друго прашање, рече Мицкоски по денешните обвинувања од опозициската СДСМ дека е фалсификуван сертификатот по англиски јазик на Христовски.

Мицкоски рече дека доколку се утврди пропуст во случајот со Христовски, ќе побара одговорност.

– Доколку тоа го констатира соодветна институција, а не опозициската СДСМ и исплашените поранешни разузнавачи кои овие агенции за национална безбедност ги претворија во тврдини во броба против опозицијата во времето кога ние бевме опозиција, тогаш да. Но, притисокот којшто доаѓа од овие кодошко-удбашки инсталации во редовите на СДСМ и ДУИ кои треба да не натераат да работиме под пристиок, дополнително ме мотивира, рече Мицкоски на прес-конференцијата во Владата.

Од опозициската СДСМ денеска повторно побараа оставка од директорот на АНБ затоа што, како што посочија, тој имал фалсификуван сертификат за англиски јазик.

– Користење на фалсификуван документ е криминал, а не само законски пропуст.  Христовски нема соодветен меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик, туку се користел со фалсификуван документ за да ја добие функцијата. Ова претставува кршење на законот и кривично дело за кое мора да одговара. Повикувам ЈО да отвори постапка. Скандалозно е што лицето кое извршило кривично дело било државен советник за криминалистички работи во МВР. Ова поставување ги загрозува сите принципи на безбедност и интегритет во институциите. Како е можно личност со таква историја и нарушен интегритет да се најде на врвот на АНБ? Ова е крајно опасно и создава ризици за националната безбедност, рече Методија Илиевски на прес-конференција во седиштето на СДСМ.

Освен оставка од Христовски, СДСМ бара итна реакција од Антикоруцпската комисија и оставка и одговорност и од премиерот Христијан Мицкоски за партизирација на институциите со поставување на лица без квалификации и нарушен интегритет.

Бугарски Фактор соопшти дека проверката на нивните новинари покажала дека во Пловдив не постои овластен центар за полагање и издавање на меѓународно признат сертификат за ТОЕФЛ, а според регистерот на училиштата во Бугарија нема ни училиште со називот Language School Julia Cо.LTD.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Не знам зошто престанав да пукам, имав уште куршуми“: Малиот монструм Коста продолжува со шокантни изјави

Следно

Од 1500 денари по глава на жител за правосудството, само 33 денари се за дигитализација

Latest from Blog

Халанд не може да биде капитен на Сити зошто постигнува премногу голови!

ФОТО: Manchester City/FB Менаџерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, изјави дека нема намера да му ја предаде капитенската лента на Ерлинг Халанд бидејќи Норвежанецот постигнува премногу голови. Халанд се смета за нов

Нови напади врз бродови, додека разговорите за крај на војната САД – Иран наидоа на нов ќорсокак

Нападите, на виталните точки за глобалните резерви на нафта – продолжуваат и покрај постојаните тврдења од американскиот претседател Доналд Трамп дека договорот е неизбежен. Цените на нафтата пораснаа, поради обновениот песимизам за

Вечер за паметење во Битола: Музика, танц и емоции за 35 години независност на Македонија

Силно светнал ден во Битола, нека ни е вечна Македонија, едногласна беше пораката на многубројната публика која синоќа беше дел од програмата за прославата на независноста на Македонија. Спектакуларно и претесно беше

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов
Go toTop