ДИРЕКТОРОТ КОСТАДИН ШУРБАНОВСКИ ЗАМИНУВА ОД СКОПСКИОТ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ

January 28, 2025
1 min read

Директорот на Скопскиот џез фестивал (СЏФ)  Костадин Шурбановски соопшти дека си дал отказ од еден од најголемите и најзначајни македонски фестивали. Шурбановски, познат како Шурбе, е музички новинар, менаџер, диџеј, радиоводител, еден од најзначајните во земјава.

„По речиси 25 возбудливи години, заминувам од Скопскиот џез фестивал, во потрага по нови авантури и предизвици. Ви благодарам за поддршката и соработката, ви посакувам сè најдобро на приватен и професионален план. Се надевам дека ќе имаме прилика повторно да соработуваме“, вели во соопштението до медиумите.

Тој додава дека понатаму за прашањата што се однесуваат на Скопскиот џез фестивал, јавноста треба да се обрати кај Оливер Белопета, основач и долгогодишен директор на Скопскиот џез фестивал, кој го организира и Фестивалот на музика од светот Офф-фест.

По пензионирањето на Белопета, Шурбановски стана директор на СЏФ, но сите досегашни изданија ги организираа заедно. Скопскиот џез фестивал во 2009 доби Орден за заслуги на Македонија.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија домаќин на Состанок на лидерите од регионот, за Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан

Следно

МЖСПП: МВР продолжува со засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop