Директорката принудена на оставка поради голотијата на Давид на Микаленџело ја посети скулптурата

April 29, 2023
1 min read

Хоуп Караскила беше принудена да ја напушти директорската позиција во училиште во САД затоа што дел од родителите се пожалија дека на часови на уметност на децата им биле прикажани порнографски материјали. Стануваше збор за ренесансни ремек-дела, како голиот Давид на Микеланџело

Поранешната директорка на училиште во Флорида, Хоуп Караскила, ја посети Фиренца, Италија. Таму е на покана на директорката на музејот „Академија Галерија“, Сесил Холберг. А во галеријата се наоѓа скулптурата Давид на Микеланџело.

Сесил Холберг (лево) и Хоуп Караскила (десно) пред Давид на Микеланџело. фото: Галерија Академија

„Тоа што најмногу ме импресионира е што целава галерија е направена за него. Нема ништо погрешно во човековото тело само по себе. Микеланџело ќе направел неправда ако го извајал на кој било друг начин. Мислам дека е прекрасен“,

изјавила Караскила за Би-Би-Си.

Случајот на Хоуп Караскила и училиштето кое го водеше го обиколи светот пред неколку месеци. На часовите по уметност, на деца на возраст од 11 и 12 години, им биле прикажани ремек-дела, меѓу кои и Давид на Микеланџело. Познатата скулптура на библискиот лик кој го победил Голијат, го прикажува Давид гол. Другите дела кои содржеле голотија била сликата „Создавањето на Адам“, исто така од Микеланџело“ и „Раѓањето на Венера“ од Ботичели.

По часот, еден родител се пожалил до училишниот одбор дека материјалот бил „порнографски“ додека други се пожалиле дека сакале да бидат информирани за лекциите, пред тие да бидат оддржани. Веднаш потоа, без објаснување, училишниот одбор побара оставка од Караскила.

Настанот предзвика силни меѓународни критики на сметка на училишниот одбор и родителите.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД: Убил пет соседи откако му побарале да престане да пука во дворот за да заспијат бебе

Следно

Здравковски: Граѓаните се во апатија поради проблемите кои ги донесе оваа власт, заедно со народот ќе се избориме да ги победиме и да донесеме ист третман и достоинствен живот за сите

Latest from Blog

Познати се пораките што Тејлор Свифт ѝ ги испраќала на Блејк Лајвли во тужбата против Балдони (ВИДЕО)

Спорот настанал околу филмот „It Ends With Us“, во кој двајцата глумат, а Лајвли поднесе тужба против нејзината колешка и режисер за сексуално вознемирување и клевета, објави LADbible. Позадина на правниот спор

ПОТРОШУВАЧИТЕ ЈА КАЗНИЈА „МИЛКА“ – измама на годината во Германија

Хамбуршкиот центар за заштита на потрошувачите ја прогласи алпската млечна чоколада „Милка“ за „Измама со амбалажа за 2025 година“, за што гласаа дури 66,7 отсто, односно две третини од гласачите. „Милка“ ја

Грилиш е потешко повреден

По се изгледа дека искуснито Џек Грилиш кој што во моментов е член на тимот на Евертон е потешко повреден и ќе мора да паузира неколку месеци. Се стравува дека доживеа фрактура
Go toTop