ДИРЕКТОРКАТА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ СТАНКОВСКА-ПЛАЧКОВСКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, ВЛАДАТА УШТЕ НЕМА НАЗНАЧЕНО НОВ ДИРЕКТОР

December 12, 2024
1 min read

В. д. директорката на Агенцијата за филм, Даниела Станковска-Плачковска поднесе оставка од функцијата, потврдија од Владата за САКАМДАКАЖАМ.МК

Оттаму велат дека на последната владина седница на барање на в.д. директорката е прифатена оставката, а нов директор не  е назначен.

Владата ја назначи Станковска-Плачковска за в. д. директорка на Агенцијата за филм на 31 јули.

Станковска-Плачковска е дипломиран политиколог и магистер по културологија. Од 2008 е вработена во Агенцијата за филм, каде досега беше раководителка на Секторот за развој на филмската дејност, а од април 2022 е доцент при Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“.

На 30 октомври Агенцијата за филм го поништи конкурсот за финансирање проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2024, што значи дека годинава нема да се сними ниеден македонски филм. Според информацијата на веб-страницата на Агенцијата, Управниот одбор на Агенцијата на седница одржана на 30 октомври донел одлука за поништување на конкурсот, кој беше објавен на 26 јануари.

„Конкретниот Конкурс се поништува поради тоа што со поведувањето и спроведувањето на истиот се утврди дека постојат неправилности и незаконитости во дејствија“, стои во одлуката.

По првиот рок на одлучување по Конкурсот кој бил објавен не е одлучено ниту во законскиот предвиден рок во април, ниту кога е продолжен рокот за одлучувуње со известување на веб-страницата, ниту до денот на донесување на оваа одлука. Не е донесена одлука за прифаќање или за одбивање на филмските проекти на кошсурсот, што е спротивно на член 25, етав 1 од Законот, според кој по доставени филмски проекти на конкурсот се одлучува двапати годишно, во април и во октомври.

Клучните проблеми вклучуваат пропуштање да се донесат одлуки за пријавите во предвидените рокови (април и октомври). Дополнително, постапката била усложнета со интерни акти кои биле во спротивност со законските правила за евалуација на проекти. Исто така, имало нејаснотии околу роковите за поднесување на пријавите и критериумите за евалуација, како и процедурите за известување. Поради овие проблеми, Агенцијата одлучила дека понатамошно спроведување на конкурсот би било законски спорно и потенцијално штетно, па затоа го поништи конкурсот во целост.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова и амбасадорите на ЕУ на работен ручек разговарале за креативни решенија за забрзување на евроинтеграциите

Следно

Запленети околу 1500 парчиња пиротехника во светиниколско

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop