Директор им дал бонус на работниците од 22 милиони евра- кешот им го истурил на масите (ВИДЕО)

February 26, 2026
1 min read

Извршниот директор на Henan Kuangshan Crane Co. одлучи да им даде на своите вработени бонус од дури 22 милиони евра, од кои 7,3 милиони беа дадени на настан со посебен услов – вработените да земат колку што можат да носат пари во рацете.

Прославата на која се одржа оваа необична распределба се одржала на 13 февруари. Беа поставени 800 маси за приближно 7.000 луѓе.

Видео објавено на интернет покажува маси покриени со банкноти, додека други снимки покажуваат работници кои носат пари во пакети.

Според South China Morning Post, компанијата, основана во септември 2002 година, остварила вкупна добивка од 33 милиони евра за 2025 година, што значи дека речиси 70% од таа добивка била распределена меѓу своите 7.000 вработени.

Ова е компанија која произведува и сервисира кранови и е присутна во повеќе од 130 земји низ целиот свет.

Како што објави еден кинески весник, во март 2025 година, истата компанија поделила 195.000 евра како бонус на 2.000 вработени по повод Денот на жената.

Како резултат на овие практики, директорот на компанијата бил окарактеризиран како „шефот кој најмногу сака да дели пари“, а тој одговорил дека „не е тоа што јас сакам да делам пари, туку младите луѓе се оптоварени со автомобилски кредити и хипотеки и секое олеснување што можеме да го обезбедиме помага“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ексклузивно: Со иницијатива на МАЕИ, Советот на Општина Пустец донесе одлука против изградбата на кампови за мигранти во Преспа

Следно

Аморим оди во Бразил, преговара со Васко де Гама

Latest from Blog

Орбан го призна поразот КОЈ Е ПЕТАР МАЃАР, неговиот наследник

Лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, напиша на својата Фејсбук страница дека унгарскиот премиер Виктор Орбан му ја честитал победата. „Премиерот Виктор Орбан ни ја честитал победата по телефон“, напиша Петер Маѓар.

Виљареал победнички на „Сан Мамеш“!

ФОТО:.facebook.com/ATHLETICCLUB/ Виљареал продолжи одлично да игра оваа сезона, една од најдобрите сезони во последните десет години. Овој тим славеше во Билбао со резултат од 1:2 и со тоа да биде многу, многу
Go toTop