Дино Имери одржа концерт за паметење во Лондон

October 28, 2023
1 min read

„Ми беше огромна чест да ја претставувам Македонија и да ја промовирам нашата култура во овој светски центар на уметноста – Лондон, во престижната концертна сала на Кралскиот колеџ, каде што настапуваат врвни уметници од целиот свет“, рече македонскиот врвен пијанист Дино Имери, по фантастичниот концерт којшто го одржа во светската културна метропола, во средата навечер, а по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Пред многубројната публика, во прекрасната концертна сала „Royal College of Music“, во чии редови присуствуваа видни личности од дипломатскиот и културниот живот на Велика Британија, меѓу нив и специјалниот пратеник на Западен Балкан на британскиот премиер, Лорд Пич, како и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која ја предводеше македонската делегација во Лондон, нашиот „волшебник на пијаното“, Дино Имери, одржа концерт за паметење!

Со овации беше испратен од сцената, каде што покрај изведбата на дела од светските мајстори Густав Холст, Витолд Лутославски и Сергеј Рахмањинов, на најдостоен начин ја промовираше и македонската музика, интерпретирајќи една негова обработка на македонската песна „Јас те пратив на вода Калино“, како и композиции од Дамир Имери („Пајдушко“ и „Сербез Донка“) и од Дијана Илкоска Имери („Корени“). Заедно со Имери, настапи и хрватскиот врвен пијанист Ведран Јањанин, повеќенаградуван уметник, со светска кариера.

„Одамна не сум присуствувал на ваков добар концерт“, „Ви благодариме за прекрасната вечер“, „Ни приредивте маестрален концерт“, беа дел од позитивните реакции на присутните по концертот, честитајќи му на нашиот пијанист Дино Имери за успешниот настап, кој оствари важни контакти со можност за понатамошни соработки во концертните сали низ Велка Британија.

Овој настан беше поддржан од македонската амбасада во Лондон и македонското Министерство за култура, и беше силна потврда за пријателството што со децении го негуваат овие две земји.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претрес во КПУ Идризово, пронајдени 82 ножа, 63 мобилни телефони, дрога…

Следно

Израел ја нарече „подла“ резолуцијата на ОН за прекин на огнот во Газа

Latest from Blog

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,

ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување

Во блог објава, ММФ го опиша конфликтот како „шок“ кој е „глобален, но асиметричен“ и кој дејствува главно преку три канали: цените на енергијата, трговијата и финансиските услови. Нарушувањето на снабдувањето со

ПРАВДАТА СЕ ВРАЌА ВО ЈО: Обвинителот Цветановски се враќа на работа, предметот за Хајрулахи укинат

Обвинителот Јован Цветановски се враќа на својата функција, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување. На истата седница Советот го
Go toTop