Диниз: Ми се оствари сонот да бидам селектор на Бразил

July 5, 2023
1 min read

Новиот селектор на Бразил, Фернандо Диниз ги искажа своите впечатоци по неговото назначување. Тој ќе продолжи да го предводи клубот Флуминенсе, каде е тренер од 2022 година.

– Сон за сите, голема гордост е да можеш да работиш во репрезентацијата. Ова е чест, а уште повеќе ме радува начинот на кој се случи. Резултат е на заеднички напор меѓу фудбалската конфедерација и Флуминенсе и убеден сум дека имаме се за да продолжиме напред и се да функционира како што треба, изјави Диниз за „АС“.

Со бразилскиот стручњак е потпишан едногодишен договор кој стапува на сила од септемвриските натпревари на квалификацискиот турнир за Светското првенство во 2026 година.

Едналдо Родригез, претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација, по назначувањето на Диниз на селекторската функција, изрази надеж дека Карло Анчелоти ќе биде нивни предводник на Копа Америка во 2024 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Макрон размислува да ги контролира социјалните мрежи за да спречи немири

Следно

Средба Мишел-Брнабиќ: Реформите се клучни за Србија да напредува на патот кон ЕУ

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop