Димовски: Врвниот национален приоритет што го делиме со САД е успешно завршување на процесот на евроинтеграциите

December 15, 2025
2 mins read

Соединетите Американски Држави се наш стабилен, доверлив и стратешки партнер. Тие во изминатите децении имаа огромна улога во развојот на нашата држава – од јакнењето на институциите, преку процесите на демократизација и владеење на правото, па сè до поддршката за економски реформи и модернизација. Многу од успесите што денес ги гледаме во различни сектори, се резултат и на американската поддршка. Затоа како Влада остануваме целосно посветени на продлабочување на ова партнерство, што во целост ја надминува класичната соработка и со право го нарекуваме искрено пријателство. Ова го истакна вицепремиерот за политички систем Љупчо Димовски на денешниот настан – „Зајакнување на институционалните капцитети: одбележување на соработката меѓу САД и Македонија“, каде беа претставени досегашната соработка и идната соработка меѓу Министерството за финансии и Трезорот на САД.

– Наш врвен национален приоритет, што го делиме со САД, е успешно завршување на процесот на евроинтеграциите. Тоа не е само формална политичка цел, туку суштински развоен процес што ги дефинира нашите стремежи кон стабилна, праведна и напредна држава. Поддршката од САД е клучна во реформските процеси во низа области: демократизација на институциите и граѓанското општество, зајакнување на борбата против корупцијата, унапредување на владеењето на правото, дигитализацијата и транспарентноста, поттикнување на економскиот развој, инвестициите и конкурентноста, подвлече Димовски пред присутните.

Тој рече дека техничката помош што ја добиваме преку Министерството за финансии на САД има суштинско значење за модернизацијата на нашиот систем на управување со јавните финансии.

– Таа поддршка овозможува подобра ефикасност, поголема транспарентност, подобра отчетност, како и воспоставување на европски и меѓународни стандарди што се неопходни за долгорочна фискална стабилност, додаде Димовски.

Ова не се само технички и административни процеси, додаде тој – ова се темелни реформи што влијаат врз довербата на граѓаните, врз довербата на инвеститорите и врз нашата способност да градиме одржлива и стабилна економија.

– Сеопфатната поддршка од САД е исто така од огромно значење и во реформите за борба против корупцијата. Тоа е област што ја идентификуваме како врвен приоритет на нашата Влада. Борбата против корупцијата е темел на секое стабилно и праведно општество, а поддршката што ја добиваме од Амбасадата на САД овозможува зајакнување на институциите надлежни за спречување и санкционирање на корупцијата, трговијата со луѓе и организираниот криминал. Тоа значи повеќе капацитети, повеќе експертиза, повеќе алатки, и на крај – поголема заштита на граѓаните, истакна Димовски.

Тој рече и дека нашата земја се движи низ период полн со предизвици, но и со можности.

– За да ги постигнеме нашите национални цели, потребни се силни институции, јасни политики и стратешки партнерства. Соединетите Американски Држави се еден од тие партнери кои постојано стојат зад нас и ни помагаат да го забрзаме нашиот напредок. Се надевам – и уверен сум – дека во годините што следат ќе продолжиме да ја продлабочуваме соработката во сите области: од безбедноста и енергетиката, преку образованието и економијата, па сè до владеењето на правото и институционалниот развој, нагласи тој.

Тоа е инвестиција во нашата стабилност, како што посочи, во стабилноста на регионот и во европската перспектива на државава.

– Дозволете ми на крај уште еднаш искрено да се заблагодарам: на амбасадорката Агелер, на Амбасадата на САД и на целокупната американска администрација за континуираната поддршка што нашата држава ја добива во сите овие години. САД имаат и ќе продолжат да имаат клучно место во нашите билатерални односи. Убедени сме дека заедно ќе продолжиме да градиме уште посилно, повредно и подлабоко партнерство, подвлече Димовски.

На настанот покрај Димовски, обраќања пред присутните имаа и министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска и амбасадорката на САД, Ангела Агелер.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Комерцијална банка и НЛБ Банка најтргувани на денот

Следно

Овие раси на мачки се најдобрата замена за кучињата

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop