Димовски: Нова инвестициона ера, Македонија привлекува рекорден број на странски инвестиции

January 29, 2025
1 min read

„Целта на оваа Влада е компаниите, пред сè од приватниот сектор, да им дадеме сериозна поддршка, бидејќи оние компании кои даваат додадена вредност во самата економија треба едноставно да ги негуваме. Оваа Влада е сериозно посветена на оние компании, коишто навистина си го почитуваат законот и работат согласно него” , прецизираше во своето излагање директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски во вечерашниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ , каде што фокусот беше насочен на делот од инвестициите и нивната улога.

Димовски соопшти дека тековно се водат преговори за привлекување странски директни инвестиции. Тој нагласи дека растот на стратешките инвестиции отвора можности за економски напредок, истакнувајќи дека овие инвестиции поттикнуваат иновации и создавање на нови работни места.

„Во тек се преговори и се надеваме дека ќе се реализираат. Станува збор за голема инвестиција вредна повеќе од 350 милиони евра, каде што таа компанија треба да изгради еден капацитет кој ќе има високо технолошко производство и ќе креира високо платени работни места, воедно ќе има сериозен извоз” , објасни Димовски.

Димовски се осврна на фактот дека, според најновите податоци од Народна банка за првите девет месеци од 2024 година, странските директни инвестиции во земјата изнесуваат над 830 милиони евра. Според него, рекордниот пораст на инвестиции ја потврдува довербата во владината стратегија, притоа додаде дека владината политика создава поволна клима за инвестиции и раст.

„Последните информации од Народна банка за првите 9 месеци од 2024 година покажаа дека имаме прилив од повеќе од 830 милиони евра странски директни инвестиции. Нашата заложба и цел е да стигнеме до таа милијарда, иако 838 милиони евра е рекорд во историјата на независна Македонија. Целта ни е да стигнеме до над една милијарда странски директни инвестиции во Македонија. Ќе поставиме таргет, кој потоа ќе треба да го надминеме” , заклучува Димовски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ВИДЕО: Гори автомобил кај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Следно

Ахмед ал-Шара официјално назначен за преоден претседател на Сирија

Latest from Blog

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во

Со колку пари се купува среќата?

Сите ја знаеме познатата изрека „Среќата не се купува со пари“, но сумата на пари што ја заработувате може да влијае врз тоа како ја доживувате среќата, вели едно најново научно истражување.

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат

Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки
Go toTop