Димовска: Парламентарната дипломатија и регионална соработка се незаменливи алатки за градење мир и напредок

May 23, 2025
1 min read

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, имаше обраќање на 4. Состанок на генерални секретари на Парламентарното собрание на Медитеранот (ПСМ), во рамките на Округлата маса на тема: „Придонесот на Парламентарното собрание на Медитеранот во новиот ЕУ-Пакт за Медитеранот”, што се одржува во Маракеш, Мароко, информираат од собраниската прес-служба.

-Новиот ЕУ-Пакт за Медитеранот претставува повеќе од политичка рамка, тој е обновена заложба за заедничките вредности: солидарност, човечко достоинство, одржлив развој, безбедност и мир. ПСМ е клучен столб во овој процес – како глас на народот и како форум за инклузивен дијалог, законска усогласеност и координирано дејствување, истакнала Димовска во обраќањето.

Според неа, со оглед на тоа што нашата земја долги години е во чекалната на ЕУ поради билатерални прашања, заложбата за соживот, соработка, за партнерство, мора да биде заедничка и искрена. Како држава, истакнала, остануваме целосно посветени на реформите и усогласување со ЕУ стандардите.

-Придонесот и како Собрание и како Парламентарно собрание на Медитеранот, е клучен во областа на стабилноста и безбедноста, во соочувањето со заедничките предизвици како миграциите, борбата против тероризмот, организираниот криминал, сајбер-безбедноста. Како членки на ПСМ, мора да бидеме фокусирани на одржливиот развој и климатска акција, но и на зелената и правична транзиција. Преку ПСМ, имаме можност да ги претвориме законодавните амбиции во практични регионални политики – во енергетско поврзување, циркуларна економија, чисти технологии и инфраструктура отпорна на климатски промени. Како држава, пак, сме посебно фокусирани на младински политики, за подобра и попросперитетна иднина за младите и спречување на одлив на мозоци, рекла Генералната секретарка на Собранието Димовска. 

Како што истакнала во обраќањето, парламентарната дипломатија и регионалната соработка се незаменливи алатки за градење мир и напредок. Само преку дијалог и заедништво, нагласила Димовска, може да ги надминеме сите предизвици и да чекориме кон демократски напредок и просперитет – заклучи генералната секретарка на Собранието.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На форумот во Истанбул се дискутираше за улогата на медиумите во преобликувањето на семејните вредности

Следно

Спајиќ: Блиску сме до решение за воведување седумчасовен работен ден во Црна Гора

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop