Димитровски најави концерт „Свет, Свет, Свет“ по повод раѓањето Христово

January 4, 2026
1 min read

Општина Битола, во соработка со Центарот за култура и Културниот и информативен центар, организира голем Божиќен концерт на народни и црковни напеви под наслов „Свет, Свет, Свет“, со кој ќе се одбележи раѓањето Христово.

Концертот ќе се одржи на 8 јануари со почеток во 19:00 часот, во големата сала на Центарот за култура – Битола. На сцената ќе настапат истакнати инструменталисти и вокални изведувачи, кои преку традиционални и духовни божиќни напеви ќе ја пренесат празничната атмосфера и духовната длабочина на Божик.

Во инструменталниот состав ќе учествуваат Благојче Трајковски на кларинет, Никола Трајановски на виолина, Филип Михјлоски на канон, Гоце Ристески на лаута, Петар Христов на уд, Коста Стевановски на контрабас и Пеце Трајковски на перкусии.

Вокалниот дел ќе го изведуваат Горан Трајкоски, Ана Митоска, Тања Царовска и Петар Христов, чии интерпретации се очекува да донесат автентично доживување на божиќната традиција.

Влезот за концертот е слободен, а организаторите упатуваат покана до сите граѓани да присуствуваат и заеднички да го одбележат големиот христијански празник Божик преку музика и духовна уметност.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нострадамус го предвидел ужасот во Швајцарија? Ова се неговите пророштва за 2026 година

Следно

Лидс му „откина“ бод на Манчестер Јунајтед

Latest from Blog

Врховен судија открива: Притисоци и разрешување по одлука за Јанкуловска

Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд, а денес адвокат, за првпат во емисијата „Претрес со Ландов“ јавно проговори за причините за неговото разрешување во 2020 година од страна на Судскиот совет.
Go toTop