Димитров: Ќе покренеме иницијатива да се донесе закон за изградба на Чебрен со домашни сили

January 3, 2024
1 min read

реклама


Здружението на инженери ќе покрене иницијатива да се донесе закон со којшто ќе почне да се гради Чебрен со македонски сили, најави вечерва Константин Димитров, кој е дел од ова Здружение. 

Димитров за централниот дневник на телевизија „Сител“ изјави дека имаме капацитет сами да го изградиме Чебрен и дека ова е проект којшто треба да го обедини општеството. 

реклама

– Да се донесе закон за изградба на Чебрен, Галиште, Скочивир т.е. да се реши интегрално програмата со сливовите на реките каде Црна река е дел од Вардарска долина. Да се направи закон којшто не може да се менува без разлика која влада и да дојде. Однапред да се дефинираат средства коишто не се големи, рече Димитров. 

Здружението на инженери во изминатиот период реагираше до надлежните институции во врска со тендерот за изградба на Чебрен. Изразија сомневање дека се направени суштински, правни, економски и стручно-научни недостатоци во постапката при подготовка и реализација на тендерот за доделување концесија за користење вода за производство на струја со изградба на хидроелектраните на Црна Река. 

реклама

Четиринаесетиот тендер за изградба на Чебрен пропадна. Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска информираше дека грчката ПЦЦ Архиродон ја нема продолжено банкарската гаранција. 

– Заклучно со 31 декември не пристигна продолжувањето на банкарската гаранција од страна на избраниот понудувач на тендерот за изградба на Чебрен и со самото тоа веќе не е активна понудата на ППЦ-Архиродон. Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ќе ја извести Владата дека тендерот пропадна, рече Шукова на прес-конференција. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стејт департмент: Апсурдно е секое навестување дека САД и Израел се вмешани во нападот во Иран

Следно

Мицотакис направи мини реконструкција на Владата

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop