Димитриевски: Молкот од надлежните институции е срам, додека поединци градат дивоградби споменици на државно земјиште 

November 7, 2023
2 mins read

реклама


“Изјавата на актуелниот премиер Ковачевски дека вакви натписи и табли на Голема Албанија се постари и од 145 години, всушност од мој аспект ги гледам дека овие идеи се реинкарнираат од страна на поединци кои што не и посакуваат добро на државата. А всушност, декларативно се претставуваат како зелени, како европејци или како европски блок и мислам дека првенствено самиот премиер не доволно и не добро е информиран, бидејќи истакна дека оваа градба-дивоградба се наоѓа на приватно земјиште, што апсолутно не е точно. Мислам дека треба подобро да го информираат службите со кои што непосредно соработува, но ме изненадува и молкот на други надлежни институции, како што во овој случај е МВР, чии што обврски согласно законот и согласно Уставот се да го штити уставниот поредок на државата и кога некој поттикнува меѓуверска, меѓуетничка, меѓунационална конфронтација да го санкционира истото. Молкот од надлежните институции е повеќе од срам, бидејќи интегритетот на државата мора да се заштити”, порача градоначалникот на Општина Куманово и идеен творец на новото политичко движење ЗНАМ- За наша Македонија, остро реагирајќи на денешната изјава на премиерот Ковачевски за споменикот во Сопот.

Градоначалникот Димитриевски појасни дека веднаш по настанот, од страна на Општина Куманово, а по налог на Градоначалникот е издаден налог за вонреден инспекциски надзор во с.Сопот, по што било утврдено дека целиот објект во кој што е организиран настанот е дивоградба.

реклама

“Истиот е изграден на државно земјоделско земјиште, кое што во имотниот лист бр.117 од катастарска општина Сопот, се води на парцела 963. Целиот објект е дивоградба и Општина Куманово нема издадено никаква документација во врска со градба на овој објект. Од страна на надлежна инспекциска служба е направен записник. Записникот е насочен кон НН лице, бидејќи од присутните лица таму никој не се пријавил дека е инвеститор или пак сопственик на објектот. Истиот записник денеска е истакна на огласна табла. Во рок од 3 дена додека трае постапката паралелно ќе доставиме пријава и до полиција да се открие НН сторителот на ова крив. дело и веднаш по затварање на записникот и истекот на рокот ќе биде процесуирана кривична пријава против сторителот, во овој случај НН лице. Но дополнително добив информации и од Секторот за урбанизам дека за оваа предметна парцела исто така е поднесено и барање во 2018 година за легализација од страна на физичко лице и сите тие документи ќе ги доставиме како предмет на идната истрага. Како ќе следуваат постапките? Согласно законот Општина Куманово поднесува до сите прекршители на Законот доколку има кривична одговорност, кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство Куманово, или Основно јавно обвинителство. Оваа година имаме поднесено вкупно 14 кривични пријави, ова ќе биде 15-та и продолжуваме со носење на решение за извршување на објектот и потоа ќе следува процедура за уривање на објектот”, вели Димитриевски. 

Според него, многу пати до сега ДУИ како носител на власта, а всушност дел од раководството на СДСМ кои што се на највисоки државни позиции се однесува како привезок додека ДУИ манифестира самовластие од позиција на власт повеќе од 20 години и токму во предизборниот период се користи со вакви методи за собирање на ефтини политички поени, каде што многу пати со вакво однесување го руши и директно уставниот поредок на државата, појаснува градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.  

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уставниот судија Осман Кадриу одликуван со Повелба за животно дело на традиционалните Пелагониски културно-научни средби

Следно

Како се произведуваше паниката од руските ботови

Latest from Blog

Свечен прием и концерт по повод 21 Декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на ТИКА во Скопје

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) вечерва во Скопје организира свечен прием по повод 21 декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на

Вкусот на Пелистер“ повторно ги обедини Битола, Прилеп и Ресен

Неколку илјади граѓани од Битола, Прилеп, Ресен и од другите ополни општини денеска присуствуваат на манифестацијата „Вкусот на Пелистер“, која се одржува под мотото „Куќа имам на Пелистер“. Настанот е посветен на

“Студентите“ блокадери со нов протест: СЕ БАРА АВТОНОМИЈА НА САНЏАК!

Студентските протести во Србија веројатно лани почнаа – како студентски, но веќе од март годинава тие се политички деминстрации со конкртени барања кои се спротивни на државниот устав: отцепување на Војводина и
Go toTop