Screenshot

Димитриеска-Кочоска: Техничката помош од САД ја зацврстува финансиската стабилност на државата

December 15, 2025
1 min read

Ова партнерство не е само поддршка, туку долгорочен процес на јакнење на институциите, зголемување на експертизата и создавање модерни системи кои ќе обезбедат предвидливи, одговорни и транспарентни јавни финансии, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, осврнувајќи се на соработката со Министерството за финансии на САД преку нивната Канцеларија за техничка помош (ОТА).

Димитриеска – Кочоска посочи дека соработката со Tрезорот на САД во делот на секторите Буџет и Трезор има длабоки корени и дека нашиот систем за буџетско планирање бил првично развиен со техничка помош од САД во периодот од 2004 до 2008 година и претставува основа врз која денес градиме современо управување со јавните финансии.

Осврнувајќи се на сработеното во изминатите години, министерката за финансии рече дека особено значајни се реализираните мисии во управувањето со готовина, почетните обуки за сметководство и пилот-проектот за консолидирање на главната книга. Од септември активно се работи и на ревидирање на програмската класификација и веќе се обучени 65 претставници од 29 институции за програмско буџетирање и индикатори за резултати, а во следниот период соработката треба да продолжи преку подготовка на подзаконските акти од Законот за буџети, нов формат на Буџетот, развивање мерливи индикатори за перформанси и натамошно консолидирање на главната книга како стратешка реформа за транспарентни јавни финансии.

Во секторот за финансиски систем, Димитриеска-Кочоска посочи дека во текот на 2024 година реализирани се повеќе мисии насочени кон моделите за интегрирана супервизија, супервизорски вештини и заштита на потрошувачите и дека во моментот се работи на новиот процес за собирање податоци, ажурирањето на ризичните профили и обуките за супервизија базирана на ризик, кој до крајот на годината ќе биде целосно ставен во употреба.

Во областа на управувањето со јавниот долг, во 2023 година е потпишан Меморандум за разбирање со OTA со цел унапредување на управувањето со јавниот долг и развојот на пазарот на државни хартии од вредност. Фокусот е насочен кон развој на нова аукциска платформа, развој на пазарот на државни хартии од вредност и активно управување со портфолиото на јавен долг.

– Партнерството меѓу Македонија и САД во областа на јавните финансии не е административна соработка, туку долгорочна инвестиција во стандардите, институционалниот интегритет и транспарентноста. Овие програми директно придонесуваат за поефикасни институции, подобро управување со ресурсите, намалување на ризиците и поголема заштита на граѓаните – нагласи Димитриеска-Кочоска.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шок во Холивуд! Познат актер и режисер пронајден мртов со сопругата – полицијата се сомнева во убиство

Следно

Агелер: САД и Македонија се согласни дека транспарентни институции и силни економии се основа на успешна демократија

Latest from Blog

Николоски: Македонското небо целосно покриено со најсовремени системи за контрола

Со инсталацијата на новиот ATM систем и новиот радарски систем во М-НАВ, Македонија го унапредува системот за контрола и безбедност на воздушниот сообраќај, информира вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар

ВЛЕН: На Ахмети му доаѓаат тешки денови, случајот „Груби“ отвора низа прашања

ВЛЕН отвора прашања околу политичките случувања во ДУИ и најавите на лидерот Али Ахмети за повлекување од активната политика, поврзувајќи ги со актуелните случувања околу Артан Груби. Во реакцијата се оценува дека

Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а многу домаќинства останаа без електрична енергија. Во делови од префектурата Чиба, која граничи со Токио, за 24 часа наврнаа повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи

Општина Битола: По пријавите од граѓаните, инспекторите со засилено присуство на терен

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време.
Go toTop