Димитриеска-Кочоска: Препознаени напорите на Владата за фискална консолидација, изразена поддршка добиваме од ММФ и СБ

October 25, 2024
1 min read

Напорите за фискална консолидација на новата Влада се препознаени од меѓународните финансиски институции и за тоа даваат поддршка. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од Вашингтон по средбите со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

-На состаноците истакнавме дека фискална консолидација не можеме да направиме преку ноќ и дека за тоа е потреба време. Најважно е дека покажуваме желба којашто може да се види од Фискалната стратегија којашто е усогласена и предвидува намалување на буџетскиот дефицит на 4% за 2025 година. Тоа е она што е најважно, истакна министерката во изјава за ТВ Алфа.

Таа потенцира дека особено радува фактот што на состаноците е забележано дека и таа како министер за финансии и новата Влада максимално вложуваат напори да ги подобрат резултатите на државата и дека максималните напори што ги вложуваат се препознаени од страна на претставниците на меѓународните финансиски институции.

Изрази уверување дека престои одлична соработка во наредниот период и вложување напори во водење политика со постепена фискална консолидиција, внимателно трошење на буџетските средства и истовремено преземање мерки за борба со сивата економија.

Министерката за финансии во Вашингтон учествува на Годишните средби на ММФ и СБ, каде што имаше и состаноци со високи претставници на овие меѓународни финансиски институции.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Просечната нето плата во Србија 824 евра

Следно

Црвен, жолт и зелен картон – ВМРО неуспешно ја превоспитуваше администрацијата, Муртезани ќе ги користи за министрите

Latest from Blog

Фудбалерите и навивачите во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“ (Видео)

Единаесетмината стартери, но и клупата, како и навивачите на стадионот „Стожице“ во Љубљана, во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“. Навистина одлична најава за мечот помеѓу Словенија и Македонија

Средба Коњановски – Јовановиќ: Битола и Будва бараат нови можности за соработка

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој во Црна Гора ќе потпише меморандум за соработка на Индустриската зона „Жабени“ како единствена зона во Македонија во рамките на потпишувањето на меморандум на шесте земји

Словенците откриваат кој е нивни најголем проблем, но дали Македонија тоа ќе го искористи?

Словенија слично како Македонија, разочара во првиот меч од Лига на нации, но сепак освои бод на свој терен против Шкотска (0:0). Голманот Јан Облак со неколку одлични одбрани е најзаслужен што
Go toTop