ДИК ја потврди одлуката на Собранието да се гласа и со неважечки документи

March 14, 2024
1 min read

Државната изборна комисија денеска соопшти дека избирачите на претстојните претседеталски и парламентарни избори на 24 април и 8 мај, ќе можат да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.

Тоа е согласно преодната одредба од измените на Изборниот законик која ќе се применува само за изборите оваа година, велат од ДИК. Инаку, Собранието на 7 март изгласа измени на Изборниот законик кои предвидува да се гласа и со „неважечки документи“.

Тоа беше направено во услови кога повеќе од 100.000 граѓани кои имаат право на глас на претстојните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија немаат важечка лична карта, а пасошите што ги поседуваат се со старото уставно име, покажуваа податоците од Министерството за внатрешни работи.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ван Дајк е најдобар дефанзивец во историјата на Премиер лигата

Следно

Еурофарм му посака „добредојде дома“ на Никола Митревски

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop