ДИК: Доставени 69 иницијативи за градоначалници на општините и за градоначалник на Град Скопје

September 2, 2025
1 min read

До вчера на полноќ до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје и 68 иницијативи за предлагање на листи на советници за советите на општините и советот на Град Скопје.

Како што информира денеска ДИК, листите на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник на општината, заедно со евидентираните потписи како предлог и целокупната друга документација согласно законските услови и според Упатството на ДИК може да се поднесат до ОИК до 13 септември до полноќ.

Потписи за независни кандидати за градоначалници се собрани за општините Пробиштип, Македонска Каменица, Куманово, Крива Паланка, Охрид, Дебарца, Прилеп, Долнени Струга, Дебар Струмица, Радовиш, Брвеница, Свети Николе, Гевгелија, Демир Капија, Кичево, Македонски Брод, Кочани, Чешиново Облешево, Битола, Могила, Новаци, Ресен, Гостивар, Демир Хисар, Виница, Сарај, Центар, Аеродром,Карпош , Шуто Оризари, Арачиново, Кисела Вода, Зелениково, Студеничани, Чучер Сандево и градоначалник на Град Скопје.

Потписи за независни листи за членови на советите на општините и Советот на Град Скопје се собрани за општините Пробиштип, Македонска Каменица, Куманово, Старо Негоричане, Охрид, Дебарца, Прилеп, Долнени, Струга, Дебар, Босилово, Ново Село, Струмица, Тетово, Штип, Свети Николе, Лозово, Кичево, Македонски Брод, Кочани, Чешиново Облешево, Кавадарци, Битола, Могила, Ресен, Демир Хисар, Карпош, Сарај, Центар, Чучер Сандево, Кисела Вода, Зелениково, Студеничани и за Советото на Град Скопје.

– Кон листите за кандидати поднесени од група избирачи, покрај Образецот за собрани потписи за листата за градоначалник на општината односно Градот Скопје и/или листа на кандидати за членови на советот на општината односно Советот на Градот Скопје, се доставуваат и сите документи кои се потребни согласно Упатството за начинот и постапката за поднесување на прием и потврдување на кандидатски листи за локалните избори 2025, кое е објавено на официјалната веб-страна на Државната изборна комисија. Рокот за собирање на потписите заврши ноќеска, 1 септември 2025 година во 24 часот на полноќ, стои во соопштението од ДИК.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски ги повика граѓаните да предложат идеи за подобра Битола

Следно

Нова ера во „Вог“: Оваа жена е тајното оружје на Ана Винтур

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop