Дијаспората нема да гласа за парламентарните избори, поради слабиот интерес

March 15, 2024
1 min read

Може да не се организираат избори за пратеници во дијаспората, бидејќи интересот да се гласа е многу мал. За да се организираат парламентарни избори во дијаспората, треба да има пријавено најмалку 5355 лица, колку што гласови добил пратеникот со најмалку гласови на последните избори. Досега се пристигнати само околу 1.000 барања од гласачи кои ги исполниле условите.
Во дијаспората ќе се организира гласање за избор на претседател, зашто претседателот се бира по мнозински систем.

„За да се отвори избирачко место во канцелариите на дипломатските конзуларни претставништва на нашата земја, мора да се појават најмалку 10 гласачи. Што се однесува до парламентарните избори, пратениците се избираат и во избирачката единица на дијаспората, според пропорционалниот модел, односно има и услов како попис од ваков вид”, рече Лупка Гугучевска, ДИК.

Од ДИК ги образложија последните законски измени.

„На претседателските избори на 24 април гласачите сигурно ќе можат да се легитимираат со валидни документи, но и со лична карта или пасош чиј мандат е истечен почнувајќи од 24 јули 2023 година. За парламентарните избори ќе можат да се легитимираат со валидни документи но и со лични карти и пасоши чиј рок е истечен почнувајќи од 08.08.2023 година“, нагласи Лупка Гугучевска, ДИК.

Од следните избори, ќе се сменат и правилата на игра дури за независните кандидати за пратеници и советници. Наместо 1000 потписи, сега ќе треба да соберат 1% од потписите од гласачите запишани на списокот во таа ИЕ. Во зависност од изборната единица или општината, тоа би било меѓу 3000 и 4500 потписи. Оваа одредба, според критичарите, создава неправеден натпревар за независните кандидати, но ДИК инсистира дека тоа е препорака на ОДИХР./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прекинатиот натпревар Чаир – МЗТ Скопје Аеродром ќе се доигра без публика

Следно

Македонија поразена од Романија на првиот тест дуел

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop