Дијана Оу-Џи во „Ништо лично“: „Сакам да го истетовирам револверот на Владо Черноземски, само не знам каде да му најдам место“ (ВИДЕО)

November 6, 2025
2 mins read

Јавноста ќе ја запознае како пејачка, која жанровски ги негува новите стилови како рапот, трапот, ар ен би музиката… Остра на јазик, бескомпромисна во своите текстови, полни со гнев, уличен сленг, па дури пцости, онакви какви што налагаат музичките жанрови кои ги негува. Можеби токму заради тоа што животот воопшто не ја галел и милувал – напротив судбината била сурова со неа уште од малечка.

Растена во дисхармонично семејство во кое царувале зависностите и криминалното досие на еден од родителите, детството ќе биде приморана да го живее со нејзината баба која ќе и биде се’… И татко и мајка и родител и старател и другарка. Рано ја запознава улицата и животот на неа, кои ќе влијаат во нејзиниот развој и како личност и подоцна како естраден артист.

Но музиката не она што најпрвин ќе стане поле за израз на нејзината креативност, туку поезијата. Почнува да пишува песни, има и своја збирка поезија насловена „Страст од мртво шепотење“. Поезија во која ги отсликува своите чувства на емотивна празнина, тага и самотија… Заради тешкото детство, првите љубовни бродоломи или обете работи?!

Непосредно пота доаѓаат и првите песни под закрила на одредени продукции на таканаречената алтернативна нова сцена, од која ќе излезат куп нови деца како „2Бона“, „Таско“ „Тракер“, „Луна“, „Пајак“…

Љубител на тетоважи од која секоја има свое значење прилично го има „исшарано“ своето тело. Не и и страно и рекративното користење Марихуана за кое отворено зборувала во повеќе наврати во медиумите.

Покрај музиката, јавноста ќе ја запознае и по нејзините разголени фотографии и клипчиња на нејзината сопствена „Only fans“ страница за возрасни, од која таа доаѓа до дополнителна заработка.

Заради поголема афирмација ќе стане и една од оние познати Македонки кои ќе си ја пробаат среќата во реалните шоуа, па ќе замине во Белград, каде беше учесник во најпознатото регионално ријалити „Задруга“, сега преименувано во „Елита“.

Позната како дама „без влакна на јазикот“ често отворено говори за многу нешта што другите редовно ги премолчуваат, но знае да направи и невидена кавга и по некој скандал, особено кога ќе ја изнервираат, а као што самата вели, најмногу ја нервира неправдата и кога некој во здрав разум се обидува да ја направи„будала“! Тогаш таа умее да експлодира!

По учеството во Задруга ќе се обиде да живее на релација Скопје-Белград, каде работејќи разни работи пробува да направи регионална кариера, снимајќи соло песни на српски или дуети со познати српски трап иведувачи, па така веќе станува позната и присутна во добар дел и од српските медиуми.

Но, последнио нешто со шо ја шокираше јавноста беше нејзинот апсење во Србија и подоцна екстрадицијата во Македонија во притвор во Шутка. Беше пуштена на слобода, поточно во домашен притвор со тоа што на себе не мораше да носи електронска безбедносна алка со локатор, таканарачената „наногица“, но движењето сепак и беше ограничено на просторот во сопствениот дом.

Меѓу две влегувања во студио, две пости на Белград или две судски рочишта, на гости во интер ток шоуто „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски доаѓа токму таа, Дијана Дурлевиќ или попозната како Дијана Оу Џи, за да зборува за сите свои животни, љубовни и музички премрежја, за сите свои растежи падови, успеси и потопи, за сите искуства и потези, радости и стресови…

За детсвото со родител зависник со криминално досие и заминувањето од дома да расте и живее со баба, за поезијата и пишувањето песни, музиката и задкулисните игри во продукцијата, за грешките од младоста кои после пет години ја чинеа робија, за љубовта и односот со момчињата, за заминувањето во Белград и шокот од апсењето, за условите и случките во затворот во Србија и Шутка, за влегувањето во реалното шоу Задруга, за сопствената Онли Фанс страница за возрасни и заработувачката од неа, за екстрадицијата назад во македонија и планирањето на иднината…

За сето она што за неа малку се знае или воопшто не се знае, а и она што е познато и јавно кажано да биде демантирано или уште еднаш потврдено. И за уште многу други интересни работи од прва рака со македонската трап артистка, пејачката Дијана Оу Џи.

Премиерата на поткастот, односно интер ток шоуто „НИШТО ЛИЧНО“ оди секоја среда, од 20.00 часот, ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (@Kurir.podcast)

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изгледот на 13-годишната ќерка на Бијонсе предизвика критики: „Треба да го заштити детето“!

Следно

Дневен хороскоп: Овенот да биде трпелив, а за Вагата успехот ќе виде со нив

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop