„Диџеј Ахмед“ на Георги Унковски со две награди на фестивалот Санденс: На публиката и на специјалното жири за креативна визија

January 31, 2025
1 min read

Филмот „Диџеј Ахмед“ на Георги Унковски ја доби наградата од публиката на програмата Светски филм на фестивалот Санденс,  како и наградата од специјалното жири за креативна визија.

Сместен во оддалеченото јуручко село Коџалија, Македонија, „Диџеј Ахмет“ ја раскажува приказната за 15-годишниот Ахмет, кој открива прибежиште во електронската музика како излез од неговата традиционална средина. Филмот е драма со примеси на комедија, приказна за љубовта, пријателството и самооткривањето на еден тинејџер, поставена на динамична заднина во која се судираат традиционалните вредности и модерното време. Снимањето на филмот траело 36 дена и се одвиваше на крајот на 2023 година, во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш, а дел од снимањето беше и во Скопје. Филмот е на турски и на македонски јазик.

Главните улоги во филмот ги играат Ариф Јакуп, Дора Акан Златанова, Агуш Агушев, кои првпат се појавуваат на филмското платно, и Аксел Мехмет. Во другите улоги се: Селпин Керим, Атила Клинче, Елхаме Билал, Адем Карага, Хакан Даци, Метин Ибрахим, Јеткин Сезаир и други. Кастинг-директор е Киријана А. Николоска.

Инаку, престижниот филмски фестивал Санденс е најголемиот фестивал на независен филм во САД. Оваа година се одржува од 23 јануари до 2 февруари во Парк Сити, Јута.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДВЕ НАГРАДИ НА САНДЕНС ЗА ДЕБИТАНТСКИОТ ФИЛМ „ДИЏЕЈ АХМЕТ“ НА ГЕОРГИ УНКОВСКИ

Следно

Едноминутен молк за Фросина – Сиљановска: Апел до надлежните институции побрзо да го расветлат случајот и да ја задоволат правдата!

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop